Како се однесуваат хороскопските знаци кога имаат секс за една ноќ? (18+)
Вага
На Вагите им е особено важно да го задоволат партнерот, дури и кога станува збор за секс за една ноќ.
Тие не се воопшто себични и вистински се трудат да му пружат незаборавно уживање на партнерот.
Скорпија
Скорпиите можат да бидат навистина сензуални кога имаат секс за една ноќ.
Воопшто не брзаат и посветуваат многу време на предиграта.
Обично целта им е не само да уживаат, туку и да го излудат партнерот, а речиси секогаш успеваат во тоа.
Стрелец
За Стрелците, сексот за една ноќ е како можност да пробаат нови нешта.
Бидејќи знаат дека никогаш повеќе нема да ја видат личноста, не гледаат причина зошто да не пробаат некоја нова поза.
Јарец
Јарците имаат одредени правила кога станува збор за секс за една ноќ.
Тие никогаш не дозволуваат партнерот да преспие кај нив и не планираат заради него да си ја нарушат вечерната рутина.
Всушност, нема да му обрнат многу внимание на партнерот штом ќе завршат и веројатно нема да му го запомнат ни името.
Водолија
На почетокот, Водолиите се многу срамежливи, но не им треба многу време за да се опуштат.
Можеби најпрво ќе изгледаат воздржано, но по само неколку минути можат да му приредат незаборавна вечер на партнерот.
Риби
Рибите се романтичари, а ова го покажуваат дури и кога имаат секс за една ноќ.
Тие имаат плејлиста која сакаат да ја слушаат, не им е проблем да направат атмосфера со свеќи и сакаат вистински да уживаат во целото искуство.
Спирова С. | Црнобело