Љубовен хороскоп за декември 2022: Стрелци – многу додворувачи, Риби – неодговорноста на партнерот ќе ве иритира
Слободните Близнаци ќе почнат врска, а оние кои веќе се во врска ќе се соочат со љубомора од страна на партнерот – што предвидуваат ѕвездите за овој декември на поле љубов?
Декември ќе биде полн со пресврти за сите хороскопски знаци, без разлика дали се сингл или во врска. Некои ќе бидат разочарани, некои ќе го влошат односот со партнерот, а некои ќе уживаат во вистинска хармонија.
Љубовен хороскоп за декември 2022:
Овен
Ако сте во врска:
На почетокот од месецот можни се несогласувања помеѓу вас и саканата личност. Ќе ви биде тешко да направите компромис за важните работи од заедничкиот живот. Секој ќе инсистира да бидат исполнети неговите желби и вашиот однос ќе се комплицира. До крајот на месецот ситуацијата ќе се смири и партнерот најверојатно ќе ги прифати вашите предлози.
Ако сте слободни:
Првата половина на декември ќе ви донесе средба со забавна личност, но набрзо ќе изгубите интерес. Нема да бидете задоволни од нејзиниот однос, па нема ни да сакате да продолжите понатаму. Речиси веднаш потоа ќе почнете страсна авантура со друга личност, но и оваа врска нема да трае долго. Кон крајот на месецот можно е да почнете романса со личност која ќе ја запознаете преку ваш добар пријател.
Бик
Ако сте во врска:
На почетокот од месецот ќе има тензија помеѓу вас и саканата личност. Љубомората и посесивноста значително ќе го влошат вашиот однос, а можни се несогласувања и околу финансиите. Во втората половина од декември ситуацијата малку ќе се подобри и најмногу ќе се фокусирате на прославите за празничната сезона.
Ако сте слободни:
На почетокот од декември ве очекува непријатна ситуација со личност која ќе инсистира да одите на состанок. За среќа, по неколку неуспешни обиди да ве освои, ќе ве остави на мир. Кон крајот на месецот ќе запознаете личност која многу ќе ве привлекува, особено поради нејзиниот карактер, па постои потенцијал за врска.
Близнаци
Ако сте во врска:
Декември ќе ви почне со многу несогласувања и љубоморни сцени. Ќе привлекувате многу внимание кај спротивниот пол, а ова ќе му пречи на партнерот. Сепак, во третата декада од месецот ќе успеете да го подобрите односот, особено ако почнете да наоѓате повеќе време за заеднички активности. Добро би било да испланирате кратко патување за време на празничната сезона.
Ако сте слободни:
Почетокот на декември ќе ви донесе средба со личност која многу ќе ви се допадне и со која веднаш ќе се впуштите во интимни односи. Сепак, поради честите изливи на љубомора, ќе ставите крај на оваа кратка авантура. Кон крајот на месецот ќе запознаете личност која ќе ги исполнува сите ваши критериуми, па сосема возможно е да почнете и врска.
Рак
Ако сте во врска:
Месецот ќе ви почне без никакви проблеми на поле љубов. Притоа, ќе успеете да реализирате некоја важна заедничка цел со партнерот. Со текот на месецот, нештата само ќе се подобруваат. Ќе почнете да си покажувате поддршка како никогаш досега и ќе најдете решение за бројни проблеми што ве мачат уште од почетокот на годината.
Ако сте слободни:
На почетокот од декември конечно ќе имате можност да се видите со личноста што ви се допаѓа веќе некое време. Ќе имате многу заеднички нешта, па речиси веднаш ќе почнете емотивна врска. Вистински ќе уживате во друштвото на оваа личност, а врската ќе има потенцијал да се претвори во нешто многу повеќе.
Лав
Ако сте во врска:
Овој декември ќе ви донесе стабилност во врската со саканата личност. Ќе почнете подобро да се разбирате и лесно ќе наоѓате решенија за сите проблеми. И втората половина од месецот ќе помине хармонично, а можно е и да реализирате некоја заедничка цел. Новата година ќе ја почнете среќни и мошне задоволни од вашиот однос.
Ако сте слободни:
Ќе имате можност да водите подолг разговор со познаник и ќе сфатите дека навистина ви се допаѓа. Чувствата ќе бидат обострани, па ќе почнете да се гледате почесто. Најверојатно заедно ќе ја дочекате и Нова година и најверојатно ќе почнете сериозна врска.
Девица
Ако сте во врска:
Можни се големи несогласувања со партнерот во врска со некои од најважните детали од заедничкиот живот. Ќе биде речиси невозможно да направите компромис. Во втората половина од месецот ќе имате можност да отидете на кратко патување со партнерот, а токму ова ќе ви помогне да ја вратите хармонијата во врската. До крајот на месецот нештата ќе бидат многу подобри.
Ако сте слободни:
На почетокот од месецот ќе добивате многу внимание од личност која е во врска, а која сака афера со вас. Сепак, вие нема да покажете интерес. Во втората половина од декември можна е неочекувана средба со личност која ќе биде вистинско освежување во вашиот љубовен живот. Брзо ќе се зближите и сосема е возможно да почнете и врска.