Љубовен хороскоп за декември 2022: Стрелци – многу додворувачи, Риби – неодговорноста на партнерот ќе ве иритира

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2022-strelci-mnogu-dodvoruvachi-ribi-neodgovornosta-partnerot-kje-ve-iritira-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Декември ќе ви почне со несогласувања со партнерот поради домашните обврски, но и поради вашата љубомора. Ќе мора брзо да ги решите проблемите за да не го влошите вашиот однос уште повеќе. Во втората половина од месецот ќе се фокусирате на празничната сезона, а ова ќе ви даде можност да „изладите“ и со текот на времето да го подобрите односот.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе бидете вистински разочарани – ќе сретнете личност која физички многу ќе ве привлекува, но воопшто нема да ви се доаѓа нејзиниот карактер. Во втората половина од месецот ве очекува средба со друга личност, овојпат со карактер складен со вашиот. До крајот на месецот ќе почнете емотивна врска.

Скорпија

Ако сте во врска:

Во првата декада од декември можни се несогласувања во врска со заедничките финансии. Ситуацијата дополнително ќе се влоши ако криете нешто од партнерот. Во втората декада ќе сакате да поработите на конфликтите – ќе го промените односот кон партнерот и ќе најдете решение за проблемите. До крајот на месецот ќе ги надминете сите разлики.

Ако сте слободни:

Можно е да се јави тензија помеѓу личноста со којашто ќе почнете да се гледате и брзо ќе сфатите дека не е за вас. Можни се љубоморни сцени, а ова дополнително ќе ве фрустрира. Во третата декада од месецот ќе запознаете личност која веднаш ќе ви се допадне, па до Нова година најверојатно ќе почнете интимна врска.

Стрелец

Ако сте во врска:

На почетокот од месецот ќе има многу несогласувања околу домашните обврски и извесен период во домот ќе се чувствува напнатост. Во втората половина од декември конечно ќе почнете да работите на проблемите и да им најдете решение. До крајот на месецот значително ќе го подобрите односот и ќе ги оставите проблемите зад вас.

Ако сте слободни:

Овој декември ќе ви донесе многу додворувачи, но вие нема да бидете заинтересирани за нив. Кон средината на месецот ќе сретнете личност која навистина ќе ви се допаѓа, а чувствата ќе бидат обострани. Заедно ќе поминете голем дел од остатокот од декември, а на почетокот од новата година можно е да почнете и врска.

Јарец

Ако сте во врска:

Тајните што ги чувате и вие и партнерот ќе почнат да излегуваат на виделина на почетокот од декември. Ова ќе биде причина за многу несогласувања. Во втората половина од месецот напнатоста ќе се намали и ќе бидете подготвени да разговарате за проблемите. До крајот на месецот ситуацијата значително ќе се подобри.

Ако сте слободни:

Нема да се чувствувате најпријатно поради личност која упорно ќе се обидува да ве освои без разлика колку пати ја одбивате. Сепак, до средината на месецот ќе успеете да се ослободите од неа, но и да запознаете личност која навистина ќе ви се допаѓа. Најверојатно заедно ќе прославите Нова година, а сосема возможно е да почнете и врска.

Водолија

Ако сте во врска:

Подгответе се за сериозни несогласувања поврзани со социјалниот живот. Со партнерот ќе имате различни потреби и желби и никако нема да можете да се согласите. Притоа, партнерот ќе ви замерува и за времето што го минувате со пријателите. Несогласувањата ќе продолжат до крајот на месецот, особено кога ќе дојде време за планирање на празничната сезона. Морате да поработите на комуникацијата.

Ако сте слободни:

Ќе имате многу додворувачи и нема да покажете интерес за ниту еден од нив. Но, кон средината на месецот ќе сретнете личност која ќе ве восхити со нејзиниот интелект и нејзините манири. Ќе излезете неколкупати, заедно ќе ја прославите новогодишната ноќ, а најверојатно ќе почнете и врска.

Риби

Ако сте во врска:

Месецот ќе ви почне со сериозни несогласувања околу заеднички планови и цели. Неодговорноста на партнерот ќе ве иритира. Но, брзо ќе ги надминете разликите и веќе од втората половина од месецот ќе успеете да направите компромис.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе запознаете неколку личности кои на прв поглед ќе ве привлекуваат, но набрзо ќе сфатите дека не се такви какви што сте ги замислувале. Ќе бидете разочарани, но во втората половина од декември ќе сретнете личност која ќе ги исполнува сите ваши критериуми. Ве очекуваат многу прекрасни заеднички мигови, а можно е да почнете и врска.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg