Љубовен хороскоп за ноември 2022: Овни – некој ќе ве спаси од токсичен однос, Бикови – турбуленции ќе доведат до разделба

Ноември ќе биде турбулентен на љубовно поле буквално за секој хороскопски знак. Едни ќе паднат на тестот и ќе се разделат, но кои ќе бидат најхрабрите кои ќе ги пребродат пречките? Со што ќе се соочите?

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2022-ovni-nova-lichnost-kje-ve-spasi-od-toksichen-odnos-bikovi-nenadminlivi-turbulencii-kje-dovedat-do-razdelba-01.jpg

Лаги, неверства, криење тајни, запоставеност на партнерот и заладување на односите - што од ова го очекува вашиот хороскопски знак овој ноември?

Овен

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот ќе ви донесе неочекувани и сериозни несогласувања со партнерот. Нема да успеете да се сложите околу многу работи кои ви се од заеднички интерес, а како последица на тоа ќе дојде до заладување на односот и оддалечување. Од средината на месецот ќе ви се разбистри визијата и ќе согледате што е потребно за да бидете двајцата емотивно исполнети. Со повеќе оптимизам двајцата ќе ги постигнете целите. Патување кон крајот на месецот ќе ви годи на двајцата.

Ако сте слободни:

Првата декада од месецот ќе биде стресна за слободните припадници на знакот. Ќе наидувате на личности кои не се соодветни за вас и вашиот вкус, ќе се однесуваат некултурно, па дури и агресивно. За среќа, ќе се ослободите од токсичните личности, благодарение на некој кој ќе ве извлече од таа ситуација, а на чија помош ќе паднете од прва и брзо ќе се зближите. Ќе имате многу заеднички интереси, а ведрината и позитивниот дух посебно ќе ве привлечат.

Бик

Ако сте во врска:

Поставеноста на планетите во првата половина на месецот ќе предизвика несогласувања, кавги и проблеми со саканата личност. Ако не успеете да се издигнете над пречките и да ги ублажите недоразбирањата, може да дојде до разделба. Бидете искрени и отворени, бидејќи втората половина дополнително ќе се искомплицира односот. Ќе увидите неискреност кај партнерот, но ќе излезе на виделина и вашето некоректно однесување. Доколку го пребродите сето ова, односите ќе се стабилизираат на крајот на месецот.

Ако сте слободни:

Вашите обиди да запознаете некој кој може да ви одговара за врска, ќе завршат неуспешно. Повеќепати ќе се најдете во непријатна ситуација, каде ќе бидете погрешно разбрани, дури и од оние кои вие сте ги одбиле. Тоа ќе ве натера да се повлечете на одреден период и да се пронајдете прво себеси, со надеж дека ќе дојде и вашето време. И токму кога најмалку ќе очекувате, на крајот на месецот може да се појави шанса, но нема да зборуваме премногу...

Близнаци

Ако сте во врска:

Ѕвездите овој месец ќе бидат против вас на љубовно поле. Нека не ве изненадуваат ненадејни избувливи реакции кои ќе доведат до посериозни кавги започнати за банални работи. Тешко ќе наоѓате заеднички јазик околу некои работи кои ве засегаат двајцата и одеднаш ќе почувствувате оладување на чувствата. Сепак, љубовта уште постои, но ќе мора да пронајдете начин да ги надминете сите пречки кои се таложат над вистинските емоции. Ако паднете на тестот, следува разделба.

Ако сте слободни:

Тешко ќе успеете да најдете некој со кој ќе имате заеднички јазик и кој ќе одговара на вас. Пријателите често ќе ви велат дека секојпат правите погрешен избор, а за тоа сте свесни и самите. Можеби ќе сфатите дека е подобро одреден период да бидете сами додека не се појави вистинската личност. Можеби крајот на месецот ќе ви донесе средба со некој што ќе ви го отвори срцето. Бидете трпеливи.

Рак

Ако сте во врска:

Како за повеќето знаци, така и за припадниците на овој, ноември ќе донесе сериозни проблеми и заладување на односот со партнерот, заради сите оние несогласувања кои траат веќе подолг период. Ви недостасува радост и позитива во врската. Неопходно е посериозно да пристапите кон решавање на ситуацијата, бидејќи овојпат нема да се средат сами. Кон крајот на месецот работите ќе тргнат на подобро и ќе бидат олеснети околностите за поправање на односите, но ќе ја вложите цела сила за да успеете.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе запознаете некој со кого веднаш меѓусебно ќе се привлечете, но брзо ќе сфатите дека не се сложувате. Брзо потоа ќе дојдат несогласувања и притисок од личноста која нема да прифаќа НЕ за одговор на ниту една тема. Ќе сфатите дека е подобро да се повлечете за да избегнете дополнителни непријатни искуства. Крајот на месецот може да ве усреќи со запознавање стабилна личност со кој ќе воспоставите коректен и искрен однос.

Лав

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот ќе донесе сериозни несогласувања со сакана личност, но и со членовите од семејството. Ќе имате тврдокорни ставови и слепо ќе одите со глава во ѕид, додека ниту најблиските нема да бидат попустливи со вас. Ќе биде потребно многу обострано трпение и искрен напор за да дојде до подобрување на односите. Кон крајот на месецот ќе ви се насмевнат и ѕвездите и работите ќе се стабилизираат, но неопходна е ваша иницијатива.

Ако сте слободни:

Ќе ги тргнете од себе сите кои се обидуваат емотивно да ви се доближат, а кои не одговараат на вашите критериуми и на кој било начин ве вознемируваат. Нема да ви биде проблем дури ниту да влезете во конфликт, но во никој случај нема да правите нешто што не сакате. Кон средината на месецот ќе запознаете некој личност со која ќе имате заеднички карактеристики и навики. Ве привлекува ведар дух, образование и култура, а токму тоа ќе го најдете.

Девица

Ако сте во врска:

И припадниците на овој знак нема да избегаат од несогласувањата и конфликтите со саканата личност овој месец, а за ова ќе ви помогнат искрени разговори и доверување на тајни кои вообичаено ги криете еден од друг. Кон средината на месецот ќе ви се отвори можноста за подобра комуникација и ќе поминувате повеќе време заедно во креативни и забавни активности.

Ако сте слободни:

Ќе се разочарате од личноста која ви се допаѓала, откако ќе ја запознаете подобро. Ќе увидите колку разлики има помеѓу вас, кои претходно сте ги занемарувале. Ќе се откажете од средби, а кон средината на месецот може да наидете на некој кој ќе ве освои со оптимизам, отворена комуникација и слични интереси, со кој добро ќе се разбирате.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg