Каков пријател е секој хороскопски знак (кој е совршен за забава, а кој за доверување тајни)?

Хороскопот може да ни помогне да избереме идеален партнер.

Znacite-kako-prijateli-01.jpg

Но, астрологијата може да ни даде и увид во силните и слабите страни на нашите пријатели, за да можеме подобро, полесно и поубаво да се разбереме со нив.

Овен

Пријателствата им се исклучително важни на Овенот и тие се познати по тоа што секогаш ги бранат своите пријатели. Ако некој ви згреши, Овенот е првиот пријател на кој треба да му се обратите, бидејќи ќе знае како да реагира на вистински начин.

Тие се многу конкурентни, па затоа не се најдобри пријатели за играње друштвени игри, бидејќи често се расправаат за правилата на играта.

Бик

Биковите се тврдоглави. Мора да направат сè точно онака како што замислиле. Затоа, немојте да се навредувате ако одлучат да останат дома и да ја гледаат емисијата наместо да излезат на пијалак со вас. Така сакаат да си го поминуваат времето и така ќе биде.

Тие можат да бидат тешки луѓе, но се лојални и секогаш ќе бидат тука за вас кога ќе ви требаат.

Близнаци

Може да имате впечаток дека Близнаците се секогаш во центарот на вниманието, бидејќи сакаат многу да зборуваат. Нив ги следи гласина дека се дволични, но тоа не е вистина; само знаат да се адаптираат.

Ќе забележите дека различно се однесуваат во различни друштва. Сакаат да извршуваат повеќе задачи, но не обрнуваат доволно внимание на ништо, па понекогаш можат да ги прават работите површно.

Рак

Раковите се пријателите на кои прво им се јавувате кога ви треба утеха. Сакаат да се грижат за другите и секогаш ќе ви го дадат вистинскиот совет. Нивната најдобра забава е гледање филм со пријателите и јадење пица.

Лав

Нема поверни пријатели од Лавовите. Тие се тип на пријател кој ќе ви помогне да го закопате трупот (метафорично кажано). Никој нема да им даде толкава поддршка на своите пријатели како тие и не се нарциси, туку само сакаат да добиваат толку внимание колку што им даваат на другите околу нив.

Девица

Кога планирате да се видите со Девица, знајте дека секој детаљ од таа средба ќе биде детално испланиран. Затоа планирањето на роденденот или моминската вечер препуштете ѝ го на неа – таа ќе организира сè совршено и сите ќе бидат задоволни.

Понекогаш таа може да биде премногу критична, но запомнете, таа го сака само најдоброто за вас.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg