Доведете го партнерот до лудило - Предлог за сексуална предигра за секој хороскопски знак (18+)
Кому му требаат јагоди со чоколаден прелив, а кој сака да фантазира заедно со партнерот? Каква предигра му е потребна на секој од хороскопските знаци за да се возбуди?
Сексот е најдобар ако вклучува предигра. Според астролозите, хороскопскиот знак на вашиот партнер може да ви открие како да го возбудите партнерот и да ги зачините интимните моменти.
Каква предигра му е потребна на секој од хороскопските знаци?
Овен
Овните се импулсивни и лесно можете да ги возбудите доколку им испратите секси порака на мобилен телефон.
На Овенот ќе му се допадне тоа што имате храброст и подготвени сте нештата да ги преземете во свои раце.
Бик
На Бикот му е најважно да се чувствува удобно и релаксирано.
Доволно ќе биде само да подготвите вкусни јадења на даска или јагоди со чоколаден прелив и да го храните со рака...
Најверојатно, ќе бидете изненадени од ефектот што оваа предигра ќе ја има врз вашиот партнер.
Близнаци
Озлогласени се по тоа што брзо го губат вниманието и ако сакате да останат фокусирани ќе треба да вложите повеќе напори.
За нив е мошне важно да им го задржите вниманието на интелектуално ниво, па можеби е вистинско време да размислите за игра како покер со соблекување.
Рак
Ништо не ги возбудува емотивните Ракови повеќе од чувството за емоционална сигурност.
Размената на нежности во пријатна атмосфера, искрените прегратки и бакнежи, за Ракот се нешто по што постојано копнее.
Испланирајте една вечер во која само ќе гледате филм и ќе се опуштите, а сигурно ќе бидете изненадени од резултатите.
Лав
Смелите лавови сакаат да бидат уникатни, па воопшто не е ниту чудо тоа што ги возбудува игра на улоги.
Ако сакате да ги возбудите можеби е вистинско време да најдете некој секси костум и секако, на крај не заборавајте да ги пофалите за вложениот напор во интимниот чин.
Тоа само ќе ги охрабри следниот пат да се покажат во уште подобро светло.
Девица
Срамеживи се и затворени, и вообичаено им треба многу повеќе време за да ја почувствуваат потребната возбуда и да им се препуштат на страстите.
Покажете им дека ја почитувате нивната потреба сѐ да биде чисто и уредно така што предиграта ќе ја започнете под туш.