Како се однесува секој хороскопски знак кога пука под притисок и се соочува со стрес?

Додека Близнаците пробуваат да скријат дека имаат лош ден и не се чувствуваат најдобро, Рибите се свесни дека немаат контрола над тоа, па ги користат негативните емоции како инспирација.

kako-se-spravuvate-so-loshite-denovi-spored-vashiot-horoskopski-znak-01.jpg

Сите имаме лоши денови – некогаш поради некој проблем, а некогаш и без никаква причина.

Во некои периоди сме премногу изложени на стрес, па нормално е да пукнеме под притисок. Но, во такви ситуации, кога ќе дојде тој ден, како се однесува секој од нас според хороскопскиот знак?

Што прават хороскопските знаци кога имаат лош ден и како се справуваат со тоа?

Овен

Кога имаат лош ден, Овните обично се гневни. А, бидејќи тешко го контролираат темпераментот, неретко го заладуваат односот со саканите личности.

Овните секогаш бараат виновник за нивниот лош ден, па за нив е сосема нормално да почнат и бесмислена караница со личноста која според нив им го расипала денот.

Бик

Биковите се многу загрижени за мислењето што другите го имаат за нив, па кога имаат лош ден, пробуваат да не го покажат тоа.

Во овие денови Биковите се претвораат во перфекционисти и пробуваат да се прикажат во што е можно подобро светло.

Близнаци

Близнаците имаат „моќ“ да создадат проблеми и онаму каде што ги нема, па поради ова често имаат лоши денови, секако без причина. Како Биковите и тие настојуваат да го скријат ова.

Проблемот е што никако не пробуваат да си го подобрат расположението, па се чувствуваат лошо до крајот на денот.

Рак

Кога имаат лош ден, самодовербата на Раковите како да исчезнува. Тие почнуваат да се обвинуваат себеси за негативните емоции, дури и кога навистина немаат контрола над ситуацијата.

Мислејќи дека направиле нешто лошо, тие почнуваат да им удоволуваат на другите и да ги исполнуваат нивните најлуди барања со надеж дека ќе добијат признание и ќе се почувствуваат подобро.

Лав

Слично како Раковите, и Лавовите имаат разнишана самодоверба во нивните лоши денови.

И тие се обвинуваат себеси и мислат дека самите си го расипале денот. Но, за разлика од Раковите, не пробуваат да им удоволат на другите, туку почнуваат да им љубоморат за доброто расположение.

Девица

Девиците се организирани личности и се чувствуваат најдобро кога сè им оди по план. Што значи, и најмалото скршнување од нивниот план може да им го расипе денот.

Па, во ваквите ситуации почнуваат да се фокусираат на малите, безначајни ситници, пробивајќи да си ја вратат контролата и со тоа да си го разубават денот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg