Токсични и опасни – најљубоморните знаци во зодијакот рангирани од најлош до најмалку љубоморен
Љубомората е негативна, токсична емоција. И покрај тоа што многумина ја поврзуваат со љубовта, љубомората е сè освен знак за љубов. Сите кои ја искусиле знаат колку многу може да биде опасна за една врска. Сепак, секој од 12-те знаци во зодијакот различно се справува со неа.
Но, дали знаете кој е најљубоморниот, а кој најмалку љубоморниот знак во астрологијата?
Вака изгледа рангирањето – од најопасен до најбезболен знак кога станува збор за чувства на љубомора:
Скорпија
Ова е дефинитивно наљубоморниот знак во зодијакот. Не им веруваат на луѓето и најчесто ги обвинуваат без никакви докази кои се поткрепени само од чиста љубомора.
Скорпиите не умеат ниту да ги скријат ваквите емоции. Доволно е само некој да застане до нивниот партнер или да им се насмее. Во состојба се да станат физички насилни и вербално агресивни со цел да го одбранат она што е „нивно“.
Рак
И Раковите се едни од знаците кои се исклучително љубоморни. Но, „добрата“ вест е тоа што, за разлика од Скорпиите, умеат добро да ја скријат љубомората.
Раковите се многу повеќе љубоморни за успехот на другите на работното место или колку повеќе заработиле другите од нив. Вешто ги кријат емоциите, но кога еднаш ќе „пукнат“ земете си пуканки, навистина знаат да направат добро шоу.
Лав
Лавовите умеат да сакаат и се полни со страст. Тие разбираат кога нештата не се движат во насоката во којашто посакувале, па умеат да се смират и наоружаат со трпение.
Но, кога нивниот партнер му обрнува внимание на некој друг, копчето на љубомора се пали кај овој знак. Лавот бара внимание и не може да сфати како партнерот е подготвен тоа внимание да го насочи кон кого било друг освен него.
Девица
И Девицата е еден од знаците кои се прилично љубоморни, но не кога станува збор за љубовните врски. Тие се мошне самокритични, па кога некој ќе ги направи работите многу подобро од нив, тие се полнат со горчина и љубомора.
Во состојба се да се изолираат и да не зборуваат со недели, само затоа што некој се покажал во подобро светло од нив.
Овен
Овните се страсни, но лесно и брзо го менуваат расположението. Ова прави лесно да се полнат со зајадливост и љубомора. Кога се љубоморни, Овните реагираат многу брзо и бурно.
„Фитилот“ им е краток во овие ситуации, реагираат согласно емоциите и иако се свесни дека однесувањето им е погрешно, не може да го контролираат.
Бик
Иако Биковите имаат тенденција да бидат посесивни и несигурни, сепак не се љубоморни луѓе. Тие се трпеливи и полни со разбирање, а никогаш не реагираат импулсивно врз основа на своите емоции.
Доколку Бикот сепак реши да покаже дека е љубоморен, тогаш значи дека се случува нешто страшно што навистина им ја прелило чашката.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





