Реченици што хороскопските знаци нема никогаш да ви ги простат - Што најмногу ги лути и навредува?
Вага
Кога е во прашање емотивниот однос, Вагата сака двајцата да бидете задоволна, набљудувајќи ги работите објективно од секој агол. Ова е голем квалитет, затоа што мажот Вага воопшто не е тврдоглав кога нема да го добие она што го сака.
Дури и доколку му префрлите дека не се однесува правилно или дека е неодлучен и слаб, тој ќе го преиспита своето однесување и ќе најде начин да ви пристапи. Тој е несебичен и сака да го сакате токму поради ова.
Скорпија
Кога мажот Скорпија ќе се вљуби, тој вложува сè во овој однос и се надева дека и другата личност ќе го направи истото за него.
Можете да го критикувате и тоа ќе го поднесе добро, но кога ќе му кажете дека претерува во некои работи за кои навистина е страстен, тоа нема да му се допадне и ќе почне да ве избегнува.
Стрелец
Доколку покрај себе имате партнер во знакот на Стрелец, вие сте посебна личност. Мажите родени во овој знак бараат некоја што ќе го види најдоброто во нив, а не само шармот и талентот за флерт.
На мажот Стрелец никогаш не треба да му префрлите дека не е доволно автентичен. Бидете искрени со него, тој не сака да избегнува расправија и да кружите околу вистината, но немојте да го навредувате со лоши зборови.
Јарец
Тоа што навистина го сака мажот Јарец е да биде во сериозна врска со некоја што навистина ќе ја сака. Тој точно знае што сака, што му е важно и во состојба е долго да се труди за нешто што е вредно за напорот.
Мажот Јарец секогаш ќе настојува да ве усреќи, а доколку тоа го прави на начин што е неразбирлив за вас, немојте да го обвинувате дека не ви е доволно предан и дека не се труди доволно, затоа што така само ќе го оддалечите од себеси.
Водолија
На Водолијата ѝ е особено тешко да се препушти некому и да го подари своето време и доверба, но кога ќе се случи ова, знајте дека сте вистински сакани. Но, после одреден период Водолијата има потреба да се осами и да ужива во својата независност, што не значи дека не сака да поминува време со вас.
Немојте погрешно да го разберете и да му префрлите дека е себичен, затоа што ова длабоко ќе го повреди – тој не може да се одрече од себеси за да биде со вас, а доколку добие впечаток дека барате уште повеќе од него, тој ќе се одбере себеси.
Риби
Мажот во знакот на Риби е романтичен љубовник која сака да се грижи за вас и да ве третира онака како што и самиот посакува да биде третиран. Разликите понекогаш го разочаруваат, но тој и понатаму ќе се труди врската да функционира.
Доколку му кажете дека претерува, тој во истиот момент ќе се повлече и емотивно ќе се затвори. Бидете внимателни и дадете му онолку колку што тој ви дава и ви се посветува вам.
(О)Милена | Црнобело