Реченици што хороскопските знаци нема никогаш да ви ги простат - Што најмногу ги лути и навредува?
Не е лесно да се одржи една емотивна врска и долгорочен пријателски однос, а понекогаш е доволна само една реченица за да се најдете во безизлезна ситуација.
Мажите генерално имаат тенденција да ги избегнуваат кавгите и први приоѓаат со цел да се смират, меѓутоа постојат неколку работи кои им е навистина тешко да ги заборават.
Можеби сте ги изговориле некогаш овие зборови и (не)свесно сте го повредиле партнерот. Според астролозите, секој хороскопски знак има најмалку една слаба точка и болна реченица која не е пожелно да му ја кажете на партнерот:
Овен
Благодарение на комуникативноста и позитивната енергија спрема сите луѓе, Овенот брзо склопува пријателства. Најдобро се согласува со луѓето кои размислуваат слично како и тој, и радо ги вклучува во своите секојдневни ситуации. Меѓутоа, доколку ги избегнувате, тоа ќе ги разочара.
Никогаш немојте да му префрлате дека копнее по внимание, затоа што ќе го повредите многу длабоко и Овенот целосно ќе се повлече во себе.
Бик
Биковите се полни со љубов и секогаш подготвени за нови познанства. Мажите родени во овој знак секогаш даваат сè од себе да се чувствувате пријатно во нивното друштво.
Доколку на мажот Бик му префрлите дека ве запоставува, длабоко ќе го навредите. Тој ќе се навреди од лагата, затоа што е уверен дека стопроцентно ви се дал себеси.
Близнаци
Кога Близнаците ќе се вљубат, тоа е навистина нешто посебно. Можеби ќе почекате одреден период да ви се отворат и посветат, но кога ќе го сторат тоа, ќе сфатите дека вредело чекањето.
Никогаш не треба да му кажете на мажот во знакот на Близнаци дека со него си го губите времето и да го брзате при носење на некоја одлука. Иако понекогаш одолговлекуваат, тие се во состојба многу да вложат во една врска. Доколку му го префрлате ова, ќе почнат да се запрашуваат дали вредите за трудот што го вложуваат
Рак
Мажите родени во овој знак знаат што треба да прават за да опстане врската и се сигурни во својата верност. Меѓутоа, Ракот може да се почувствува несигурно кога се работи за вашето мислење за него.
Доколку почувствувате дека се оддалечува од вас, не треба да го обвинувате за неверство, бидејќи на овој начин ќе го оддалечите уште повеќе. Тој само сака да направи повеќе и работите да бидат подобри, а можеби има и лични проблеми што се обидува да ги реши.
Лав
Мажот Лав има високи очекувања и нема да се двоуми да им каже на сите дека го заслужува само најдоброто. Кога Лавот ќе засака некого, ќе направи сè за да го заузда своето его со цел саканата личност да се чувствува пријатно.
Затоа ќе го повредите доколку му кажете дека мисли само за себе, бидејќи тој вистински се труди да ви угоди и да се стави себеси на второ место.
Девица
На мажот роден во знак на Девица не му е проблем да се труди за двајцата. Тој сака да знае сè за вас за да станете уште поблиски. Без ова, Девицата ќе се чувствува изгубено во врската.
На мажот во знакот на Девица никогаш не треба да му кажете дека не ве разбира и дека не ве познава доволно, затоа што ќе се почувствува како странец во врската и ќе биде многу тажен.