Кои се најголемите спанковци во Зодијакот?
Ако токму сега ви се спие, тогаш голема е шансата да се наоѓате на листата...
Сите знаеме колку сонот е важен за здравјето, но овие 4 хороскопски знаци си го сакаат повеќе од секоја забава и дружење.
Кои се најголемите спанковци во Зодијакот?
Бик
Бикот е посебен вид на спанко кој ужива во дневните дремки. На Бикот идеалната работа му дозволува да поспие до подоцна или да дремне во текот на работното време. Во спротивно, ако не го добијат неопходниот сон, стануваат нервозни, раздразливи и концентрацијата им опаѓа.
Стрелец
Бидејќи Стрелците постојано некаде брзаат и движат, секое мирување им е повод за добро да си го вратат сонот. Ако на некој знак му е потребен зимски сон – тогаш зборуваме за Стрелецот. Живеат за неработни денови и викенди. Дефинитивно не се пријатели за утрински кафиња, на нив може да сметате после пладне.
Риби
Рибите се емоционални спанковци и им треба многу сон кога се тажни, среќни, кога им е досадно или кога им треба малку инспирација. Рибите кои имаат милениче, обожаваат да се туткаат во кревет со него. На нив спиењето им е одлична терапија која ги решава сите проблеми.
Овен
Овните се огнени знаци кои навечер се забавуваат, но преку ден спијат. Во состојба се да го преспијат буквално цел ден, без грижа на совест дека ќе пропуштат нешто. Алармот им е најголем непријател. Ако мора да бира, Овенот би работел попладне, би се журкал навечер и би спиел преку ден.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





