Најлошите партнери во астрологијата: Веднаш ќе ве напуштат штом дојде некој „подобар“
Лојалноста на овие три знака воопшто не им е силна страна. Кога станува збор за астрологијата, некои знаци се едноставно поверни од другите.
Овие хороскопски знаци во никој случај не се она што се прикажуваат дека се и тие ќе ве остават штом се појави можноста за некој подобар во нивните очи:
Близнаци
Тие мислат дека точно знаат што сакаат, додека не се предомислат. Близнаците ги менуваат одлуките онака како што дува ветрот, нестабилни се и (нормално) по малку дволични.
Ќе ве остават во моментот кога ќе им падне на памет дека сакаат партнер што физички изгледа подобро од вас.
Овен
Овните се страсни, сакаат да бидат во центарот на вниманието и на почетокот се воодушевени од личноста со којашто се во врска. За жал, страста и ентузијазмот брзо опаѓаат кај нив и Овенот бара некој друг што ќе го стави во центарот на вниманието.
Девица
Перфекционистите кои се опседнати со ред, дисциплина и чистота најчесто сакаат да биде сè по нивно, онака како што тие си замислиле.
Ќе побегнат на првиот знак на слабост на партнерот, бидејќи не може да сфатат дека тој е човек од крв и месо. Бараат безгрешност и совршенство, што секако – не постојат.
Скорпија
Скорпиите се многу страсни на почетокот на врската и токму поради ова честопати брзаат во нешто што воопшто не е за нив.
Откако ќе сфатат што се крие под површината на личноста во која се „затрескале“, тие се откажуваат и повторно „паѓаат‘ на некој друг, водени од истите површни страсти, повторувајќи ја истата грешка одново и одново.
(О)Милена | Црнобело