Каков став има секој хороскопски знак кон чоколадото (кој е „зависник“, кој има пребирлив вкус)?

Раковите би се потопиле во топло чоколадо, Јарците бираат скапи и егзотични вкусови, а Овните би изеле какво чоколадо ѝ да им се најде пред раце – на какво чоколадно задоволство паѓа секој хороскопски знак?

kakov-stav-ima-sekoj-horoskopski-znak-kon-chokoladoto-koj-e-zavisnik-koj-ima-prebirliv-vkus-01.jpg

Чоколадо, тоа е слатко задоволство на кое ретко кој може да му одолее... едноставното, традиционално млечно чоколадо или пак збогатено со јаткасти плодови, голема кугла вкусен леден сладолед во лето или шолја топло чоколадо во снежен ден, бело и благо или пак 100-проценто темно чоколадо со малку горчлив вкус, со парчиња овошје или со некој егзотичен зачин... многу комбинации за сечиј вкус.

Кога станува збор за чоколадото, едно е сигурно, многумина од нас ќе го изедат без да трепнат она што прво ќе им падне в раце, и тоа е сосема нормално бидејќи тоа е еден од омилените вкусови на седумте континенти.

Секој од нас има вкус што го преферира, но, дали некогаш сте размислувале да ја изберете омилената чоколада според хороскопскиот знак?

За следен пат кога ќе го барате совршениот подарок за сакана личност или добар пријател, погледнете во продолжение кој какви чоколади сака:

Овен

Авантуристички, енергични, смели и самоуверени, Овните на моменти можат да бидат импулсивни и нетрпеливи.

Тие би ја вкусиле секоја чоколада која ќе им се најде при рака, но парче чоколадо со крцкаво изненадување сигурно ќе ги задоволи.

Шолја топло чоколадо исто така е одлична опција за родените во знакот на Овенот.

Бик

Разумни, амбициозни и сигурни во себе, Биковите исто така можат да бидат тврдоглави и со променливо расположение.

За нивно загарантирано уживање препорачуваме големо парче торта со темно чоколадо, сервирана со шлаг и топол чоколаден прелив.

Близнаци

Одлични комуникатори, интелигентни, грижливи, Близнаците имаат природна способност да се дружат со луѓето.

Мали чоколатца или пак чоколади со повеќе парчиња кои лесно можат да се споделат и со кои можат да започнат разговор со другите, најмногу им одговараат на Близнаците.

Чаша чоколадо зачинето со чили може да ја зголеми самодовербата на Близнаците и да ги елиминира сите непотребни мисли од нивните глави.

Рак

Раковите кои по природа се заштитници, емотивни и љубители на комфорот уживаат во чоколадо кое пополека се топи во устата.

За овој уметнички и креативен знак чаша топло чоколадо и многу шлаг е секогаш добредојдено, како и богат чоколаден мус.

Лав 

Сите веќе знаеме дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Тие се многу амбициозни, борбени и силни, па нивен фаворит е силниот и интезивен вкус на темното чоколадо што полека се топи во устата оставајќи слатка горчина.

Девица

Аналитички, набљудувачки, верни, сигурни, едноставни и прецизни се неколку од карактеристиките што ја дефинираат Девицата.

Девиците го сакаат секое чоколадо што е чисто, а за нивната перфекционистичка душа, белото чоколадо или домашно темно чоколадо е вистинскиот избор.

Девиците не сакаат чоколади со бисквити или лешници, но затоа го обожаваат свиленкасниот и нежен вкус на чоколади со малина.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg