Каков став има секој хороскопски знак кон чоколадото (кој е „зависник“, кој има пребирлив вкус)?
Вага
Вагите се одлични дипломати и идеалисти, добродушни и гостопримливи. Тие исто така сакаат да се социјализираат и да бидат опкружени со големи групи луѓе.
А кога станува збор за чоколади, Вагите обожаваат комбинација на интензивни и меки вкусови.
Бело чоколадо послужено со чоколаден прелив или парче чоколадно браунис им дава силно чувство на задоволство.
Скорпија
Скорпиите се емотивни, импулсивни, страствени и огнени. Тие сакаат да се издвојуваат од толпата и да привлекуваат внимание.
Чоколади со вкус на кафе или темни чоколади најдобро им одговараат на стравствените и верни Скорпии кои во исто време можат да бидат и слатки и горчливи.
Стрелец
Идеалистички, авантуристички и љубопитни, а сепак скромни и интелегентни, Стрелците поседуваат уникатна комбинација на вредни квалитети.
Чоколадо со ореви и овошја најмногу им одговара на Стрелците. Родените во овој знак лесно ќе се задоволат со чоколадо полно со ореви и сушено овошје.
Јарец
Стабилност, посветеност, фокус и практичност се само неколку од основните карактеристики на родените во знакот на Јарец.
За нив, егзотичните, скапи и визуелно привлечни чоколади се вистинско уживање, а тортите и колачи со богат вкус на чоколадо исто така се на нивната листа на омилени.
Водолија
Љубопитни, љубезни, оригинални и екстровертни, Водолиите сакаат да бидат опкружени со луѓе, но се многу селективни во изборот на нивните вистински пријатели.
Сакаат чистота и едноставност, па за нивно слатко задоволство доволни се само неколку парчиња млечно чоколадо.
Риби
Сонувачи, имагинативни, мистериозни, приспособливи и иновативни, Рибите се познати по својата љубезност и емпатија. Тие се восхитуваат на убавината и сакаат да останат на своето место.
Повеќето Риби сакаат сè што има вкус на чоколадо бидејќи тоа ја зајакнува нивната романтична страна и им дава вистинска енергија за да преживеат. Но, омилени на Рибите им се чоколадниот мус и белгиското чоколадо.
И. Ј. | Црнобело