7 реченици со кои сигурно ќе ги разлутите Овните

Импулсивни се, но и страствени, харизматични, храбри, темпераментни и тврдоглави. Сите овие карактеристики ги прават Овните еден од најкомплексните знаци во Зодијакот.

7-rechenici-so-koi-sigurno-ke-gi-razlutite-ovnite-001.jpg

Во продолжение, како предупрадување нека ви служат 7-те реченици кои не смее да ги користите во нивно присуство, бидејќи со сигурност ги лутат:

1. „Сигурно не ти треба помош?“

Не, не им треба помош и престанете да ги прашувате. Овните си ја сакаат независноста, сакаат да ги прават работите по свое и без притоа никој да им се замеша. Ако им треба помош – сами ќе ја побараат.

2. „Ова го направи погрешно.“

Конструктивната критика е поим кој не постои за Овните. За нив обично тоа се перципира како навреда.

3. „Стрпи се малку.“

Од нив го барате невозможното. Овните немаат трпение. Работите ги сакаат тука и сега.

4. „Се однесуваш како дете.“

Секако дека нема тоа да го признаат, но Овните се свесни за својата фамозна тврдоглавост и краткиот фитиљ. Истакнувањето дека се однесуваат како дете, само додава масло на огнот.

5. „Тоа нема да ти успее.“

Само гледајте како го прави тоа од инает, само за да ви докаже дека грешите.

6. „Смири се малку.“

Овој обид за смирување никогаш не помага, независно од хороскопскиот знак. Меѓутоа, кога оваа реченица ќе му ја упатите на Овнот, бидете подготвени за излив на бес.

7. „Престани да зборуваш.“

Овните се комуникативни и постојано сакаат да го искажуваат своето мислење, а едно е сигурно – мислење имаат за секого и за сè.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
5 хороскопски знаци кои мразат да им кажувате што да прават Колку повеќе се обидувате да им кажувате на Овните што треба да прават, толку по...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
6 хороскопски знаци кои имаат „луксузен вкус“ и трошат на скапи работи Од скапи ресторани, до чести посети на трговски центар, личностите родени во хор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg