Близнаците ќе ве озборуваат, Овните прават врева - Какви цимери се хороскопските знаци?
Живеењето со цимер не е воопшто лесно. Дури и ако живеете со вашиот најдобар пријател, после само недела-две ќе сфатите дека не знаете многу работи за него.
Дури откако ќе почнете да живеете заедно ќе сфатите дека оваа личност е многу неуредна или воопшто не ги зема предвид вашите идеи за домот.
Со отворен разговор и компромис можеби ќе ги надминете овие разлики, но за да знаете што ве очекува, погледнете какви цимери се хороскопските знаци:
Овен
Овните сакаат да остануваат будни до доцна, а ако се излезени, најверојатно ќе се вратат во утринските часови. Притоа, не им е грижа дали нивниот цимер спие – прават многу врева и не знаат како да бидат тивки.
Бик
Биковите ќе се противат на секоја промена што ќе им ја предложите, особено ако влијае врз нивното секојдневие. Ако во последен момент им кажете дека ќе имате гости, подгответе се за негодување. Всушност, дури и ако купите поразлично средство за садови, Бикот дефинитивно ќе ви рече нешто.
Близнаци
Близнаците сакаат да озборуваат, па треба да бидете внимателни што правите во нивно присуство. Ако вашиот цимер Близнак ве „фати“ како правите нешто засрамувачко, бидете сигурни дека ќе им каже на сите.
Рак
Навистина е лесно да ги повредите чувствата на Ракот, па ако живеете со него, мора внимателно да ги избирате зборовите. Не можете ни на шега да го критикувате нивниот изглед наутро, бидејќи сигурно ќе им го расипете расположението.
Лав
Ако живеете со Лав и се соочите со конфликт, тој можеби ќе ви прости, но дефинитивно нема да ја заборави вашата грешка. Всушност, следниот пат кога ќе погрешите, Лавот ќе ве потсети и на минатите ваши пропусти.
Девица
Ако живеете со Девица, немојте да мислите дека ќе можете да живеете со денови во неред. Таа можеби неколкупати ќе ги измие и вашите садови, но ќе очекува да покажете благодарност и да не направите уште еден сличен пропуст.
Вага
Вагите не можат да поднесат конфликти и обично молчат кога им пречи нешто. Па, ако направите грешка, Вагата нема да ви рече ништо, но дефинитивно ќе ја почувствувате тензијата во домот.
Скорпија
Скорпиите сакаат да контролираат сè, особено кога станува збор за нивниот дом. На Скорпијата не ѝ е грижа што го делите домот – таа ќе одлучи како ќе го уредите и нема ни да помисли да ги чуе вашите идеи.
Стрелец
Стрелецот внимателно ќе ве ислуша ако му посочите проблем, но верувајте дека нема да направи ништо во врска со тоа. Можеби ќе ви вети дека ќе биде подобар цимер, но најверојатно нема да го исполни тоа.
Јарец
Јарецот е највредниот знак во зодијакот, па ако живеете со него, нема да го гледате многу. Поголемиот дел од времето ќе го минува затворен во соба, работејќи на следниот голем проект. Сепак, подгответе се да бидете критикувани ако правите многу врева и се забавувате.
Водолија
Ако живеете со Водолија, не се ни обидувајте да ѝ објасните нешто. Водолиите не слушаат и секогаш ќе го направат она што тие мислат дека е најдобро, без разлика дали станува збор за нешто што ве засега и двајцата кои живеете во истиот дом.
Риби
Рибите сакаат да трошат пари, најмногу за облека и чевли, па подгответе се секој ден да гледате нешто ново во домот. Истовремено, некогаш е ризично да ги замолите Рибите да купат нешто од продавница, бидејќи најверојатно ќе ги потрошат парите за ново парче облека.
Спирова С. | Црнобело