Ракот не ја поднесува Скорпијата поради енергијата и драмата – Кој е вашиот најлош астролошки непријател според хороскопскиот знак?
Не сите хороскопски знаци се компатибилни помеѓу себе, како на пријателски, така и на професионален и љубовен план. Според астролозите, некои не може да се поднесат поради своите огромни разлики.
Дознајте кој е вашиот најголем непријател според хороскопскиот знак:
Овен
Мразите монотонија и досадни луѓе. Полни сте со енергија, а сепак опкружени со некоја мирна, спокојна аура околу себе. Не можете да поднесете да комуницирате со премногу драматични, а истовремени мрзливи и пасивни луѓе. За вас Близнаците се луѓе од најголемиот кошмар поради овие свои карактеристики.
Бик
Одговорни сте, мошне посветени и сериозни. Сакате да им помагате на луѓето кога сте во можност да го направите тоа, полни сте разбирање и емпатија, а умеете и да чувате тајни. Не можете да го поднесете Јарецот затоа што е во состојба да гази сè пред себе за да успее во целта. Истовремено, вие сте великодушни и дарежливи, додека Јарецот е многу скржав и алчен.
Близнаци
Исполнети сте со многу енергија, секогаш насмеани, весели и радосни. Она што го мразите се флегматични, меланхолични и депресивни луѓе. Чувствувате дека како некој црн облак надвиснуваат над вас и ви ја крадат позитивната енергија. За вас ова се Рибите. Ги доживувате како многу здодевни и мрачни и се обидувате да ги игнорирате нивните премногу сериозни, филозофски дискусии.
Рак
Претпочитате мир и стабилност во животот. Понекогаш сметате дека сте си доволни самите на себеси, животот ви се движи праволиниски без некои особени турбуленции и вие сте сосема среќни поради ова.
Затоа Скорпијата ви е непријател број 1. Таа е секогаш полна со живот, ја носи драмата со себе, генерално е гласна и експресивна, додека вие сакате да се пикнете под ќебето и само да молчите и мирувате.
Лав
Се сметате за силни, храбри и полни самодоверба. Од оваа причина не можете да поднесете некој што е ист како вас, а единствениот ривал во зодијакот ви е Девицата.
Таа мисли дека е подеднакво добро, ако не и подобра од вас, па затоа ја избегнувате. Не можете да се поднесете затоа што сте практично истата личност, со мали разлики.
Девица
Сакате ред и организираност, хаосот ве вади од такт. Кога ќе си зацртате нешто сакате да се оствари токму онака како што сте посакале, без да се скокне ниту еден чекор. Од овие причини не можете да ја поднесете Водолијата која работите ги прави спонтано, непланирано, без ред и со себе носи немир. Ви ги поматува плановите со својата неорганизираност и не ја сакате во својата близина.