Кратко и јасно: Како знаците ви покажуваат дека ве сакаат?
Очигледно сите имаме различен начин на покажување љубов и емоции. Никој од нас не е скроен од истиот калап.
Астрологијата сепак тврди дека согласно хороскопскиот знак се издвојува едно типично однесување за секој од нив.
Откријте како знаците ви даваат до знаење дека се заинтересирани за вас и дека ве сакаат?
Овен – постојано ви праќа смешни видеа, сликички и секако „суптилно“ ви посветува песни кои го потсетуваат нас.
Бик – ви праќа пораки на неколку минути без разлика дали се работи за нешто смешно или сериозно, бидејќи сака да имате чувство дека постојано сте во негова близина.
Близнаци – ги гледаат истите филмови и серии како и вие, дури и доколку не им се допаѓаат. Целта е подоцна да разговарате и да дискутирате за нив со часови.
Рак – постојано добивате слатки изненадувања или пак пакетчиња со сите работи кои обожавате да ги грицкате, вашите омилени пијалаци или јадења.
Лав – ќе добиете телефонски повик од Лавот – и ќе се заборавите од зборување. Доколку зборувате со часови по телефон, тоа е несомнено знак дека многу му се допаѓате на Лавот.
Девица – ќе организира виртуелен состанок макар и на Скајп, но и двајцата ќе мора да се дотерате и да наздравите со пијалак.
Вага – ви праќаат селфи фотки, заедно со уште еден куп други во коишто готват или чистат или играат видеоигри. Едноставно ве опсипуваат со сите фото моменти од нивното секојдневие.
Скорпија – играат видеоигри со вас онлајн. Помеѓу разговорите за текот на играта „случајно“ ќе вметнат и друг тип на разговор, на пример колку сте секси и колку би дале сè за да ве допрат во моментот.
Стрелец – задолжително ќе добиете една порака дневно, секој ден во истото време со содржината: мислам на тебе, ми недостигаш, те сакам.
Јарец – планираат многу активности кои може да ги правите заедно во иднина. Најчесто вклучуваат физичка активност од типот на планинарење, возење велосипед или трчање.
Водолија – ќе ја вклучат камерата само за да ви посакаат убав ден, секогаш кога изгледаат најхаотично. Но, без грижа, тоа само значи дека сакаат да ви се допаднат природни, токму онакви какви што се, без глума и преправање.
Риби – ви испраќаат цвеќиња кои задолжително имаат картичка со некоја убава порака од нивната омилена книга. Очекувајте да добиете и нешто слатко, па дури и кадифено мече.
(О)Милена | Црнобело