Словенски хороскоп: На кој бог му припаѓате?

Во словенскиот хороскоп годишниот сончев циклус започнува во пролет и се состои од неколку временски периоди.

Slovenski horoskop Na koj bog mu pripagate 01

Секој од овие периоди е под покровителство на одредено божеството, задолжено за поврзување на човекот и природата. Имено, историчарите ги нарекуваат словенските богови божества на природата. 

Според датумот на раѓање, утврдете под кое словенско божество припаѓате и што значи истото:

21 март - 20 април - Јарило (Јурај)

21 април - 21 мај - Лада

22 мај - 2 јуни - Лејла

03 јуни - 12 јуни - Кострома

13 јуни - 21 јуни - Додола

22 јуни - 05 јули и 08 јуни - 22 јули - Велес (Волос, Волох)

06 јули - 07 јули - Купало

23 јули - 23 август - Дабог (Дажбог)

24 август - 08 септември - Маја

09 септември - 11 септември - Рожаница

12 септември - 27 септември - Мокош

28 септември - 15 октомври - Сварожиќ

16 октомври - 01 ноември - Морана

02 ноември - 22 ноември - Симаргл

23 ноември - 30 ноември - Зима

01 декември - 10 декември - Виргона

11 декември - 23 декември - Крачун

24 декември - 20 јануари - Перун

21 јануари - 20 февруари - Стрибог

21 февруари - 20 март - Род

Slovenski horoskop Na koj bog mu pripagate 02

Јарило - Луѓето родени во овој период оставаат впечаток дека се едноставни, а всушност поседуваат силен темперамент и голема сила. Ја ценат љубезноста и чесноста и имаат големо срце. Ова се типови на луѓе кои се многу страсни, брзо се вљубуваат, романтични се, но многу нестабилни во љубовта.

Лада - Поединци на кои им е исклучително важна естетиката, имаат голема имагинација и интуиција. Уживаат да бидат опкружени со цвеќиња и мириси, а најдобро живеат во склад со природата. Тие се практични луѓе, а кога сакаат некого, го сакаат засекогаш.

Лејла - Луѓето родени под нејзино покровителство имаат добра смисла за хумор, агилни се и интелигентни. Имаат добро срце, подготвени се да помогнат секому и поседуваат голема храброст, но понекогаш можат да бидат непостојани и раздразливи.

Кострома - Луѓето родени во овој период се многу талентирани во вербалното изразување, затоа се склони кон литературата. Ги чувствуваат вибрациите на универзумот, го сакаат животот и уживаат во секој момент. Тие се љубопитни практични и никогаш не бегаат од непознатото.

Додола - Луѓето родени во овој период остануваат млади во душата долго време. Малку се наивни и мрзеливи. Го гледаат животот како бајка и забава. Имаат тенденција да дадат сѐ од себе за да успеат во животот, но всушност не бараат многу, ниту им треба многу. Ретко имаат конвенционални љубовни врски.

Slovenski horoskop Na koj bog mu pripagate 04

Велес - Луѓето родени во овој период се најмистериозни, како што е и самиот Велес, склони се кон окултните науки и природата. Тие се многу добри психолози и тешко можете да ја скриете вистината од нив. Ова се многу страсни индивидуи, полни со љубов, на чиј шарм е тешко да се одолее.

Купало - Луѓето родени во овој период сакаат да ги почитуваат правилата и законите на природата и просторот, а семејството и потомството им се најважни во животот. Тие се нежни, љубезни и чувствителни. Ја сакаат удобноста, едноставноста и природноста.

Дабог - Луѓето родени под негово покровителство блескаат во полн раскош, така што се често во центарот на вниманието. Тие сакаат да бидат почитувани и можат да станат владетели во сите сфери на животот. Само треба да бидат одговорни, што е во нивната крв. Понекогаш знаат да бидат нереални во амбицијата, што може да ги претвори во тирани.

Маја - Толерантни и трпеливи луѓе, надарени со талент за решавање на конфликти и помирување на непријателите. Сакаат да работат и да живеат во удобна атмосфера и секогаш се исклучително флексибилни. Но, кога размислуваат за иднината, можат лесно да станат вознемирени, а понекогаш дури и малку конзервативни.

Рожаница - Луѓето родени под нејзино покровителство се тивки, повлечени и мистериозни. Имаат развиено чувство за хармонија и сакаат да ги поедностават работите. Знаат да бидат многу страсни за работата што ја прават, толку многу што забораваат на сè околу себе. Полни се со страст, но и малку недоверба дека љубовта може да ги надмине сите пречки.

Мокош - Ова се поединци кои ја разбираат хиерархијата на светот и општеството, ги почитуваат своите претпоставени и имаат добра комуникација со луѓето, иако во непознато друштво чувствуваат непријатност. Семејството им е многу важно.

Slovenski horoskop Na koj bog mu pripagate 05

Сварожиќ - Луѓето родени во неговиот знак се исклучително среќни. Тие се многу интелигентни и склони да го набљудуваат светот околу себе. Често се рационални и исклучително им е важно да не ги загубат своите идеали и морални принципи.

Морана - Овие лица се движат во две крајности. Од една страна можат да бидат нежни и дискретни, донекаде ориентирани кон соништата, а од друга страна се агресивни, тврдоглави, љубоморни и склони кон криење емоции. Жените родени во знакот на Морана се често фатални.

Симаргл - Тоа се лица кои често потекнуваат од семејства со многу деца. Ја почитуваат традицијата и нивните предци. Кога сакаат, тие сакаат со цело срце и љубоморно го чуваат својот дом и семејство. Понекогаш можат да одат во крајности и да станат тирани, кога станува збор за благосостојбата на семејството.

Зима - Според нив, сè во животот се случува поради некоја причина, нема случајности. Тие знаат да се однесуваат многу ладно. Обично се успешни во спортот или истражувањето. Заинтересирани се за необични природни појави, паралелни светови, вселена...

Виргона - Луѓето родени под нејзино покровителство се многу имагинативни и независни. Обдарени се со упорност, независност и силна сензуалност. Не се склони кон напорна работа, туку кон измама. Копнеат по удобен живот и често знаат да бидат коцкари или шпекуланти.

Крачун - Често имаат потешкотии во комуникацијата со луѓето, но затоа добро се снаоѓаат со животните. Знаат да бидат ладни и малку тажни во длабочините на нивните души. Имаат тенденција да бегаат во минатото или иднината во нивните умови. Сакаат да патуваат и да запознаваат други култури, а особено сакаат топли, тропски предели.

Slovenski horoskop Na koj bog mu pripagate 03

Перун - Луѓето родени под овој знак можат да привлечат внимание кон себе и да предизвикаат почит. Размислуваат брзо и донесуваат одлуки без одлагање, што им дава одлични предуслови за да станат политичари. Тие се упорни и не се откажуваат сè додека не ја достигнат својата цел.

Стрибог - Луѓето родени под покровителство на Стрибог се малку религиозни и мистични во размислувањето. Тие се многу интелигентни и успешни во решавањето на проблемите. Кога штитат некого, тоа го прават претпазливо и ненаметливо, и тешко им е да ги покажуваат чувствата.

Род - Луѓето родени под негово покровителство добро ја разбираат човечката психологија. Ги читаат луѓето и нивните постапки како отворена книга, но од друга страна, тие самите не читаат толку добро. Имаат тенденција погрешно да ги разберат сопствените емоции.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg