Очекувања vs. реалност: Како всушност изгледа врската со секој хороскопски знак?

Ако ве интересира астрологијата, веројатно ги знаете карактеристиките на сите знаци. Оттаму, пак, можете да извлечете заклучок каков би бил некој хороскопски знак во врска.

kako-vsushnost-izgleda-vrskata-so-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Па веројатно мислите дека Бикот ќе биде незаинтересиран, а Овенот постојано ќе се расправа.

Но во реалноста нештата се поразлични - крутоста на Бикот не значи дека е незаинтересиран за вас, a тврдоглавоста на Овенот не значи дека постојано сака да се расправа.

Затоа, погледнете какви се очекувањата, а каква е всушност реалноста за врската со секој хороскопски знак:

Овен

Очекување: Партнерот постојано ќе бара нова авантура и седењето дома никогаш нема да биде опција. Бидејќи Овните се избувливи, веројатно мислите дека постојано ќе започнувате безначајни расправии. Овенот ќе сака да биде главен, а вие ќе немате многу простор за зборување.

Реалност: Овните се трпеливи и не брзаат со вљубување. Но ако се сигурни дека сте вистинската личност, ќе направат сè за вас. Нивните постапки се секогаш погласни од зборовите, и иако однадвор изгледаат круто, и нив им е потребна грижа. Овенот ќе сака да биде главен, но ќе се осигури дека и вие ќе бидете слушнати во врската.

Бик

Очекувања: Бикот никогаш нема да сака да излезе од дома, а бидејќи е тврдоглав, секогаш ќе настојува нештата да бидат по негово. Ќе сака да бидете дел од неговиот свет, но нема да се потруди тој да стане дел од вашиот. Ќе се фокусира само на романтичните делови од врската и ќе почне да ја планира вашата иднина уште на првиот состанок.

Реалност: Биковите се всушност многу грижливи. Партнерот ќе сака да дознае сè за вас и ќе сака да минува многу време со вас. Ќе ве облева со љубов и внимание и ќе можете да се потрпете на него во тешките моменти. Целта му е да изградите заедничка иднина и во процесот да станете најдобри пријатели.

Близнаци

Очекување: Никогаш нема да знаете што да очекувате. Партнерот постојано ќе зборува, ќе сака да ве носи на нови места и ќе разговара за 5 теми истовремено. Одлично ќе се согласува со вашите пријатели, но никогаш нема да знаете дали ви е целосно посветен.

Реалност: За секоја дадена ситуација, Близнакот ќе ви помогне да ги согледате сите можности. Постојано ќе ве изненадува, но и ќе биде овде кога ќе ви треба. Ќе сака да дознае сѐ за вашиот живот и, уште поважно, добро да ве запознае.

Рак

Очекувања: Ќе бидете толку сакани, што нема да знаете што да правите со тоа. Партнерот уште на почетокот ќе почне да ја планира вашата венчавка и постојано ќе зборува за неговите чувства. Понекогаш ќе биде посесивен, но во добра смисла.

Реалност: Раковите не веруваат во љубов на прв поглед, но штом ќе сфатат дека се со вистинската личност, ќе направат сè за врската да опстане. Ракот ќе препознае ако сте имале лош ден и ќе се обиде да ве расположи. Знае дека комуникацијата е клучна и сигурно ќе ве сака безусловно.

Лав

Очекувања: Ќе се грижи за вашите интереси, но вие повеќе ќе се грижите за неговите. Ќе сака постојано да се фали со вас, но ќе се осигури дека и двајцата изгледате добро кога го прави тоа. Ретко кога ќе сака да останете дома.

Реалност: Лавот секогаш ќе биде искрен за неговите чувства. Штом е со вас, навистина сака да биде со вас. Ќе сака да ве покаже пред светот и ќе ве поддржува во секоја одлука. Ќе направи сè за вас, само затоа што мисли дека го заслужувате тоа.

Девица

Очекувања: Бидејќи Девиците се многу претпазливи, ќе треба вистински да се потрудите за партнерот да се отвори. Девицата ќе биде одговорна за хигиената во домот и сигурно постојано ќе ви вели дека сте неуредни. Се грижи за вас, но тоа ќе го покажува преку саркастични коментари.

Реалност: Девицата ќе ги забележи и најситните детали кај вас. Ќе ѝ треба време да се отвори, но штом е со вас, вистински ве сака. Ќе ве охрабри да ги поправите лошите навики, а секогаш ќе ве наградува за добрите. Никогаш нема да ви недостасуваат љубов или внимание.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg