3-те хороскопски знаци кои никогаш не остануваат пријатели со бившите

Пријателството со бившиот партнер може да биде навистина комплицирано. Сепак, тоа не е нешто невозможно. Доколку сте се разделиле мирно и сте одлучиле да бидете пријатели, можно е да го одржите тоа пријателство без проблеми.

3te-horoskopski-znaci-koi-nikogas-ne-ostanuvaat-prijateli-so-bivsite-001.jpeg

Сепак, некои луѓе не можат ни да помислат да бидат пријатели со нивните бивши партнери, а едни од нив се и следниве хороскопски знаци:

Водолија

Водолиите можат да бидат навистина чувствителни, но и далечни. Иако се емотивни и сакаат љубов, понекогаш им е навистина тешко да се поврзат со другите. Тешко им е да ги искажат нивните чувства и потребно им е подолго време zа вистински да се зближат со некого.

Најчесто не можат да останат пријатели со нивните бивши партнери токму поради ова – тешко ја развиле интимната врска. Поради ова, после раскинување им е потребно долго време да закрепнат и не сакаат да ги отвораат старите рани.

Лав

Лавовите се навистина страсни личности. Поради ова кога сакаат нешто, ништо не може да им застане на патот. На Лавовите не им е проблем да се соочат со некого и да кажат како сакаат да се однесувате кон нив. Па кога ќе дојде време за раскинување, најчесто тие го напуштаат својот партнер. А кога станува збор за бивши партнери, или ќе ѝ дадат втора шанса на врската, или нема да сакаат ништо со таа личност.

Бик

Љубовта им е навистина важна на Биковите, а нивните најголеми желби се стабилноста и задоволството. Речиси секогаш Биковите ќе имаат некакви чувства кон нивните бивши партнери, па поради ова ќе им биде тешко да останат пријатели. За нив е преголем ризик да останат во контакт со бившиот бидејќи секогаш ќе постои можност да се вратат старите чувства.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg