Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хороскопски знаци кои имаат студено срце и не покажуваат емоции

И додека има едни луѓе кои дозволуваат љубовта да ги обземе до степен што може да се загушат од нејзе, ги има и оние кои ништо не може да допре до нивното срце.

horoskopski-znaci-koi-imaat-studeno-srce-i-ne-pokazhuvaat-emocii-01.jpg 

Постојат такви кои без оглед на сè се пријатни, грижливи, љубезни и полни со љубов.

Но, од друга страна, ги има и оние со тежок карактер кои тешко покажуваат емоции или воопшто ги немаат.

Некои нивното срце го споредуваат со парче мраз.

Шест хороскопски знаци се познати по тоа што имаат студено срце, изразен нарцизам и обожаваат да им судат на другите:

Што мислите, дали некогаш може да се допре до нивното емотивно битие?

Стрелец

Стрелците се огнен знак, амбициозен, кој размислува широко. Нивна лоша страна е што често се ориентирани кон себе, поради својата окупација со планови, цели и успех.

Дури и во комуникацијата не оставаат впечаток на заинтересирани личности и нема да се потрудат да покажат емоција, иако откако ќе избегате од нив навистина ќе им биде тешко што ве нема.

Рак

Иако многумина би се зачудиле како може ваков емотивен знак да се најде токму на оваа листа, сепак постои добра причина за тоа. Поради својата емотивна природа, ако им се случило повеќе пати да бидат оставени, веќе од следниот ќе го затворат своето срце, мислејќи дека на тој начин се штитат.

Почнуваат толку да уживаат во тоа, што се затвораат речиси за секој што ќе им пристапи, но по некое време стануваат нестабилни, па имаат епизоди и на крајна емоционална кршливост и на целосна затвореност.

Водолија

Овој воздушен знак се карактеризира со отпор, бунтовност и логика. Водолиите повеќе тежнеат кон интелектуалните идеи и креативноста, тие се создавачи. Затоа и често не им е удобно кога во нивното срце постојат емоции.

Погрешно би било да се каже дека се бесчувствителни, бидејќи се далеку од тоа, но едноставно не сакаат да се отвораат за она што го чувствуваат, ниту пак им е удобно да слушаат за туѓите емоции. Тие никогаш нема да ги споделат своите емоционални слаби точки со другите.

horoskopski-znaci-koi-imaat-studeno-srce-i-ne-pokazhuvaat-emocii-04.jpg

Скорпија

Скорпиите се познати по нивните интензивни страсти, но токму тие страсти можат да ги одведат и во друга крајност доколку се повредени.

Ако Скорпијата ви верува, тогаш е најпрекрасната личност која може да ја имате покрај себе. Но, ако ги повредите, спремете се да се соочите со личност која ќе ви се одмазди по секоја цена и тоа на начин кој најмалку го очекувате, без воопшто да размислува како ќе ве повреди.

Девица

Девиците се методични, аналитички настроени и многу се трудат, рационални се, практични и логични. Сакаат да имаат контрола врз сè и планираат до најситни детали.

Некогаш до толку забораваат на реалноста, што ги занемаруваат целосно своите емоции и се повлекуваат во тишина и стануваат ладни кон сите.

Бик

Биковите се одликуваат со лојалност, трпение и со постојана потрага по удобност. Но, сепак, не сакаат да се променат.

Ако се карате со Бик, не очекувајте разбирање бидејќи припадниците на овој знак не знаат да се стават на место на спротивната страна, туку ќе држат до своето најтврдоглаво на светот. Нивното его е природно многу кршливо и нестабилно, па не сакаат да покажуваат слабост пред никого.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg