Трите хороскопски знаци кои секогаш први го почнуваат разговорот „На што сме?“
Хороскопскиот знак во ограничени дози влијае врз нашите инстинкти, желби и однесување. Некои доаѓаат со изразени инстинкти за љубовниот живот, други со наклонетост кон личниот интерес.
Кога се врските во прашање, еден од најтешките моменти е кога ситуацијата е „статус кво“ и кога треба нештата да се разрешат.
Некои луѓе по никоја цена не би го поставиле прашањето „На што сме?“, но има и такви кои сакаат во секој момент да бидат начисто со ситуацијата.
На пример, Вагите и Близнаците сакаат драма и неизвесност, Стрелецот и Јарецот мразат неизвесност, а Скорпиите и Лавовите попрво би се онесвестиле, наместо да го постават тоа прашање.
Но, еве кои се доволно храбри за да го почнат разговорот:
Бик
Биковите сакаат организираност, јасност и стабилност. Нив ги краси и интелект и емоционална интелигенција и во секој момент сакаат да бидат сигурни каква им е врската.
Знаејќи ја точната ситуација, тие ги проценуваат и своите можности и се сосема во ред со секоја од можностите, сè додека нештата се јасни.
Рак
Раковите се чувствителни и секогаш се за тоа да бидат во врска. Поради тоа, тие со денови го мислат разговорот и им треба навистина многу храброст за да го почнат.
Раковите не сакаат да го трошат времето на незначајни врски, па затоа им е важно да знаат на што се.
Риби
Рибите се интуитивни, романтични и љубезни и се спремни да се посветат на среќна врска. Нивните срца несебично даваат љубов, а ова прашање ќе го постават само ако сакаат врска.
Во спротивно, никогаш нема да ја отворат темата, но ќе знаат дека во тој однос не мораат многу да вложуваат.
Е. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com