Овенот го крева носот, Скорпијата удира „под појас“: Како реагираат знаците кога се расправаат?

Сите имаме различен начин на справување со емоциите, а оние кои вклучуваат бес, нервоза и конфликтни ситуации не се никаков исклучок.

ovenot-go-kreva-nosot-skorpijata-udira-pod-pojas-kako-reagiraat-znacite-koga-se-raspravaat-01.jpg

Хороскопот, и овој пат, на интересен начин ни открива како се справуваме во кавгите и караниците:

Овен

Ќе се налути уште пред да започне кавгата. Ќе го забележите по кренатиот нос, благо вцрвенетиот поглед и остриот сјај во очите. Наострен е и подготвен за битка, иако можеби другата страна не ја насетува бурата која се подготвува.

Бик

Успешно ќе се одбрани себеси, но на мошне мирен и цивилизиран начин. Биковите имаат вроден инстинкт со кој ги реализираат замислените цели, а победата во караница, макар била крајно банална, претставува само уште една мала победа во „тефтерчето“.

Близнаци

Добро знаат како да се извлечат од кавгата, бидејќи одамна ја сфатиле вашата слаба точка. Нема да се двоумат да ги употребат сите натрупани информации и да ги свртат против вас, манипулирајќи слатко и вешто.

Рак

Нивната душа врие како вулкан, но нема да си дозволат да ги излеат своите емоции на виделина. Ќе почнат да плачат и да се тресат, и иако можеби тие се виновни се кавгата, ќе успеат да ве убедат дека тие всушност се жртвата, а вие–виновникот.

Лав

Драматични кавгаџии, се натпреваруваат во гласно зборување и надвикување со спротивната страна. Не им е доволно да победат сами, ќе се обидат да ги свртат сите против вас, а вие ќе испаднете најзлобниот човек во очите на другите.

Девица

Се расправаат смирено и рационално. Не дозволуваат емоциите да им го попречат патот, ниту во кавгите, преферираат да ја анализираат ситуацијата од логичен аспект со практична разврска на кавгата.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg