Овенот го крева носот, Скорпијата удира „под појас“: Како реагираат знаците кога се расправаат?
Вага
Веруваат во карма, па многу веројатно е дека ќе ја избегнат кавгата по секоја цена. Ќе ве игнорираат, мирно ќе си заминат и ќе го очекуваат вашиот пад и неуспех, бидејќи кармата ќе ви врати за сè.
Скорпија
Убедливо најлошите непријатели кои не би сакале да ги имате никогаш. Ќе ве изџвакаат и плукнат, без ронка емоции. Не го бираат ниту местото, ниту времето за кавга, а не се плашат ниту од удари под појасок, ниту да ве клоцнат кога лежите на подот.
Стрелец
Ќе се зачудат зошто сте лути, зарем направиле нешто за да ви предизвикаат лутина? Откако ќе им објасните зошто сте нервозни во обид да започнете кавга со нив, гласно ќе ви се изнасмеат, ќе ви препорачаат да си најдете смисла на животот и ќе си отидат весело по патот.
Јарeц
Ќе ви кажат јасно, гласно и отворено дека немаат време за вас и вашите изливи на бес и нервоза. Можно е да ви предложат да им испратите мејл објаснувајќи зошто сакате да започнете кавга со нив, па доколку имаат време ќе го прочитаат и ќе ви одговорат (секако дека нема да добиете повратен одговор).
Водолија
Нема никогаш да попуштат први и ќе продолжат со своето однесување, дури и да знаат дека страшно ве нервира. Потајно уживаат гледајќи како се полните со бес и нервоза, а ќе триумфираат кога повеќе не може да издржите и практично ќе „пукнете“.
Риби
Ќе се обидат смирено да поразговараат во врска со конфликтот и да пронајдат безболно решение за негово решавање. Не им се верува дека некој може толку да ги мрази, бидејќи за себе мислат дека се неспособни за конфликт и кавга.
(О)Милена | Црнобело / depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





