Доминираат за време на секс: Кои хороскопски знаци се шефови во кревет?
Астролозите тврдат дека на три ѕвездени претставници, задоволство им причинува да бидат главни во постелата. Чии зборови се секогаш последни?
Хороскопот открива мноштво интересни детали за луѓето. Oд карактеристиките на секој знак, сепак највеќе интерес ни будат оние за љубовта и страста, зар не?
Имате ли смелост јасно и гласно да си ги кажете фантазиите пред партнерот? Дали вашите желби се заповед, или, пак, секогаш ѝ допуштате на другата страна да ја предводи играта?
Според астролозите, три хороскопски знаци се вистински шефови во кревет, па тие обично доминираат за време на сексот:
Скорпиите се склони да мечтаат, ама и да си ги остварат своите фантазии. Она што другите не се осудуваат ниту да го помислат, тие веднаш сакаат да го испробаат. Делуваат потполно диви и луди во кревет. Точно знаат и што ќе ѝ годи на другата страна, бидејќи се маестрални заводници.
Овните го обожаваат чувството на моќ. Секогаш се однесуваат како да имаат апсолутна контрола над ситуацијата. Дури и помеѓу чаршафите. Тие се прикажуваат како личности кои се сигурни во себе, не плашејќи се од новите искуства во постелата. Најмногу од сите знаци користат секси играчки.
Биковите не се ниту диви, а ни слободни како претходниците. Затоа, пак, тие се најстраствени. Иако го водат главниот збор за време на сексот, воопшто не се себични љубовници. Важно им е и саканата личност да се чувствува добро, да може да се опушти, да се препушти и максимално да ужива во интимните мигови.
Сега кога знаете кои се главни во постелата, прочитајте и кои парови функционираат во кревет, но не и во врска, според хороскопот.
Би можело да ве интересира:





