Според хороскопот: Кои парови функционираат во кревет, но не и во врска?
Иако се компатибилни во сексот, тие ни малку не си одговараат на емотивен план. Ги поврзува страста, а надвор од постелата се како небото и земјата.
Ако може да им се верува на астролозите, одредени ѕвездени знаци се прилично добар тандем во спалната соба. Но, тука завршува хемијата.
Ова се петте парови кои функционираат во кревет, но не и во врска:
Овните сакаат да пробуваат нови нешта, а страствените Лавови се отворени за секакви искуства. Ова ги прави совршен пар. Меѓутоа - само во кревет. Надвор од постелата, обајцата се прилично напорни и склони да ги контролираат партнерите.
Доколку постои взаемна согласност, најдобро за Водолиите и Рибите е да бидат пријатели со бенефиции. Станува збор за два мошне слични знака, кои никако не се сложуваат во врска. Но, затоа сексот им е одличен.
Кога спијат заедно, тоа не е секс, туку нежно водење љубов. Сепак, баш затоа што се изразито емотивни, врските помеѓу Раковите и Биковите најчесто завршуваат по првата расправија. Поточно - после обостраните солзи.
Тие се идеален пар за секс на една вечер. И ништо повеќе од тоа. Стрелците се желни за авантури, излегувања и дружби, додека емотивните Риби имаат сосема поинакви приоритети во врската.
Невозможно е сексот помеѓу двајцата најексплозивни хороскоски знаци да биде лош. Меѓутоа, секој понатамошен однос помеѓу Скорпиите и Овните ветува само катастрофа.
M. A. | Црнобело