Според хороскопот - зошто ги прекинувате љубовните врски?
Навистина е тешко денес да се пронајде некој кој ќе ви биде лојален и верен. Со сета технологија и напредокот на светот, станува уште полесно да изневерите некого или да бидете изневерени без никој да го дознае тоа.
Никој не е имун по основ на ова прашање, без разлика на полот, возраста или хороскопскиот знак.
Сепак, кога се работи за астрологијата, секој од знаците има посебна причина зошто ги раскинува љубовните врски.
Дознајте зошто ја прекинавте (или ви ја прекинаа) последната врска која ја имавте според вашиот хороскопски знак:
ОГНЕНИ ЗНАЦИ
Овен, Лав, Стрелец
Огнените знаци се навистина многу интересно друштво, но главната причина за ова однесување а фактот што сè им се здосадува многу брзо.
Многумина се привлечени од страна на огнените знаци бидејќи водат возбудливи животи. Но, тие не се задржуваат на истото место подолг временски период. Секогаш патуваат, испробуваат нови работи и созреваат како луѓе.
Ова значи дека брзо ги „преџвакуваат“ и љубовните врски. Исто така значи дека за разлика од другите 9 знаци, овие се најсклони кон „забегување“ надвор од границите на врската.
Тешко е да им одолеете, но гледајте да не се вплеткате премногу во нивниот свет на возбуда и драма, бидејќи може на крајот да завршите со скршено срце.
ОВЕН - Брзо станува неспокоен и го губи трпението
Од сите знаци во Зодијакот, Овенот е најмногу нестрплив кога станува збор за љубов.
Ова сепак не се однесува само на врските, истото им се случува и кога станува збор за местото на живеење, работата или пријателствата.
Токму затоа тие почнуваат да лутаат наоколу.
Поради оваа причина, најчесто се чувствуваат многу виновни (за разлика од другите знаци). Тие не ги напуштаат врските затоа што партнерите им се одбивни. Тие „забегуваат“ затоа што почнуваат да чувствуваат немир, неспокојство, нетрпение.
Подоцна почнуваат да размислуваат дали постои некој подобар за нив и веднаш тргнуваат во потрага по одговорот.
ЛАВ – Секогаш сака да пронајде некој подобар
Лавовите имаат ум кој секогаш го размислува истото–како да се подобрат нештата. Ова е концепт кој веројатно сте го слушнале или прочитале во многу книги за самопомагање, но ним не им е потребна книга, тоа им доаѓа сосема природно.
Тие самите постојано се надоградуваат и созреваат секојдневно, па истото го бараат и од страна на партнерот. Но, понекогаш е навистина тешко да се одржи чекор со амбициозните Лавови.
Ништо не им е доволно добро за нив, па најчесто ги напуштаат партнерите во потрага по нешто подобро и посовршено.
СТРЕЛЕЦ – Потајно сака само да избега
Ова е знакот кој едноставно не може да седи мирно. Како мали деца најчесто биле оние кои седат во „лошото ќоше“ само затоа што не можеле мирно да го дочекаат крајот на часот.
Па што точно се случува кога Стрелецот е во љубовна врска?
Тие едноставно го чувствуваат нагонот во себе кој им вели да избегаат што подалеку. Тажно, но многу вистинито. Додека се млади навистина не може да се обврзат сериозно кон некого.
Сакаат да искусат што е можно повеќе работи и не сакаат никој да ги држи „врзани“. Најчесто изневеруваат за да излезат побрзо од љубовната врска или едноставно заминуваат без многу објаснувања.
ЗЕМЈЕНИ ЗНАЦИ
Бик, Девица, Јарец
Земјените знаци дефинитивно имаат превисоки стандарди и очекувања од страна на своите партнери.
Воедно, слично како и кај огнените знаци, и на земјените работите им се здосадуваат премногу брзо. Кога другата личност не може да ги исполни нивните очекувања, тие се полнат со презир, а самодовербата им расте уште повеќе, па им ја „удираат клоцата“.
Најчесто започнуваат со потрагата по нов партнер уште пред да стават официјално крај на врската, бидејќи секогаш сакаат да си имаат „златна резерва“.
БИК – Многу лесно се разочарува
Најтешко е да го импресионирате Бикот од сите хороскопски знаци. Тие однадвор изгледаат лежерно и незаинтересирано, но нека не ве залажуваат.
Биковите имаат изразена критичка и осудувачка страна за другите. Тешко може да избегате од нивните „конструктивни“ критики.
Доколку сте во врска со Бик и работите одеднаш започнуваат да се влошуваат, тоа значи дека тие на големо веќе ги скенираат сите ваши мани.
Лесно и брзо се разочаруваат и мислат дека со наоѓање нов партнер нема да ги имаат овие проблеми (иако сите сме луѓе и сите имаме мани).
ДЕВИЦА – Смета дека не сте на нејзиното ниво
Девиците се многу слични како и Биковите по однос на ова прашање (затоа и припаѓаат на истата група знаци).
Девицата ќе ве напушти веднаш штом ќе забележи дека не сте на нејзиното високо ниво и не ги исполнувате стандардите кои ги поставила.
Тие лесно може да ве изневерат, што е навистина иронично бидејќи во тој случај и самите се лицемери – имаат високи стандарди и очекувања од другите, а самите не ги исполнуваат.
Девиците многу тешко ја учат лекцијата за лојалност и ќе ве напуштат во првата прилика кога ќе сфатат дека сте далеку од совршени.
ЈАРЕЦ – Ќе го импресионира некој друг
Навистина тешка задача е да импресионирате еден Јарец. Доколку мислевте дека Девицата има високи стандарди, тогаш веројатно не сте запознале ниту еден Јарец досега.
Да речеме дека Јарецот е веќе во врска и одеднаш запознава нова личност и ги штиклира сите празни места на неговата листа на квалитети кои ги бара кај една личност.
Тој веднаш ќе му предложи на партнерот да направат мала пауза или да почнат да се гледаат со други луѓе.
Нема да ви каже дека запознал некој нов или дека веќе се гледа со него, а ќе побрза да биде со новиот партнер што е можно поскоро за да не му го украде некој друг.