10 факти за Скорпиите - дали навистина се најопасниот знак во хороскопот?
Месецот на Скорпиите пристигна. Според зодијакот, знаците најдобро го покажуваат своето влијание во матичниот месец, што значи дека ова е периодот во кој сите Скорпии треба да блеснат.
Сите родени помеѓу 23 октомври и 22 ноември се водени од планетата Марс, а нивната аура е црвена.
Опасни, мистериозни, одмаздољубиви, уште колку придавки се прилепуваат до овој хороскопски знак? Сепак, Скорпиите не се толку многу опасни како што сакаат да ги доживеете.
Доколку се заинтересиравте, прочитајте неколку интересни факти за Скорпиите. А вистинските Скорпии може да ги потврдат или негираат:
Скорпиите се интензивни
Лојални пријатели и опасни, лути противници. Посветени партнери и љубовници коишто ќе направат сè што е во нивна моќ партнерот да се чувствува сакано и заштитено.
Доколку дадат ветување, секогаш го исполнуваат. Се водат по сопствената интуиција, и во најголем дел од времето секогаш се во право и носат добри одлуки. Подобро ќе биде да не ги лажете Скорпиите. Тие ги читаат луѓето „како буквар“.
Потајно амбициозни
Скорпиите делуваат мистериозно, како одвај да оддаваат некој детаљ или информација за себе. Но, многумина го мешаат ова однесување со недостиг на став.
Скорпиите во принцип се премногу амбициозни по природа и ќе работат трудољубиво и внимателно за да ја исполнат целта. Кога ќе се решат дека сакаат нешто, ќе го бркаат до крајот на светот, додека не го добијат.
Одлично решаваат проблеми
Имате некој проблем, тешкотија или сте во неволја? Побарајте помош од Скорпијата! Тие или ќе го знаат решението или веднаш ќе стапат во контакт со некој кој го знае решението. Тие всушност обожаваат да наоѓаат решенија на проблемите.
Скриени мекуши
Скорпијата е како кокос. Однадвор тврда и непопустлива, а внатре мека и емотивна. Поголем дел од времето вешто се контролираат за да останат ладнокрвни и смирени. Внатре може да вријат со илјада емоции на љубов или чиста омраза. Но, ретко ќе го покажат тоа пред другите.
Никогаш не се откажуваат
Особено не од добра расправија каде што се употребуваат аргументи. Сакаат да го имаат последниот збор. Доколку ги повредите, навредите или направите нешто кое не им се допаѓа, ќе ве прогонуваат додека не се одмаздат.
Брутално искрени
Доколку сакате искрено мислење, прашајте ја Скорпијата. Но, ако сакате некој да ви го каже она што сакате да го слушнете, не ја прашувајте Скорпијата. Скорпиите се познати по својата брутална искреност и често пати немаат „влакна на јазикот“.
Ако ги прашате за мислење ќе ви ја влепат вистината в лице, без да размислуваат дали имате доволно силен стомак да го издржите мислењето.
Заштитнички настроени
Постои фина тенка линија помеѓу лојалност и посесивност. Скорпиите понекогаш лесно да преминуваат оваа граница. Премногу заштитнички се настроени кон пријателите, семејството и луѓето коишто ги сакаат.
Понекогаш не може да забележат дека ги задушуваат саканите луѓе со заштитата и вниманието.
Самокритични
Скорпиите постојано се самооценуваат. Секоја грешка која ќе ја направат ја претвораат во научена лекција. Постојано се обидуваат да го подобар начинот на работа и сопствениот пристап. Силно веруваат во самоунапредување. Затоа знаат да си дадат и пофалба, но и негативна критика кон себе.
Храбри
Скорпиите веруваат во споделување на вистината и не се плашат од пречки. Додека сите други постапуваат тактички и дипломатски, Скорпиите храбро јуришаат напред. Не се двоумат и умеат веднаш да пресечат при носењето одлуки.
Никогаш не прифаќаат НЕ
Зборот НЕ не постои во речникот на една Скорпија. Ќе сторат сè со цел работите да се одвиваат онака како што замислиле тие. Доколку им кажете вие НЕ, подгответе се за војна.
(О)Милена | Црнобело