Стрелецот е чудесен знак... Неговото присуство е присутно и кога ќе си замине
Она кое можете да го забележите е само незначителен дел од сето тоа кое се крие во него.
Всушност вас и не ви е баш најјасно што гледате, а колку повеќе го запознавате сфаќате колку многу се крие во него.
Тој остава трага без да притиска и го гравира своето име, без да побара од вас да го истетовирате неговиот лик во срцето. Неговото присуство е присутно и кога ќе си замине.
Кога е пред другите секогаш е накитен, некогаш нетактично, некогаш директно, некогаш спонтано, но секогаш е подготвен да ви угоди, и постојано да го чувствувате како неопходен. Но тоа е она кое тој сака да го знаете за него. Тоа е и она кое тој знае дека очекувате да го видите. Таа е неговата улога кога е на сцена, пред други луѓе.
А кога е сам, како му е потребно надополнување. Тој знае дека е тука за другите луѓе. Тој не си е потребен сам на себеси и најчесто нема никаква корист од себеси. Нему му е потребно да има дух во себе и постојано да го надополнува, но не му треба размислување, бидејќи тоа е работа на Близнаците.
Тој е мислител, лута и бара, грешник и светец, бидејќи никому не може да наштети освен на себеси. Често не знае зошто луѓето го сакаат. Зошто сакаат да се дружат со него. Тој не знае да се дружи по принципот „од денес се дружиме/забавуваме/венчаме“, тој на сè гледа како на нешто вон временско. Затоа ако сте му пријател, тој има чувство како да се дружите илјада години.
Затоа е чувствителен на барање, инсистирање, на ритуално гледање еднаш неделно или за време на викенд. Тој не знае за форма, а сепак му простувате бидејќи навистина е тешко да најдете друг како него.
Тој е најтажниот од хороскопските знаци. Неговата тага е негова верба во минливоста и крајот. Тој постојано мисли на крајот и смртта. Многу повеќе од Скорпијата која во неа гледа противник и се бори против неа.
Стрелецот не се бори против неа, тој слободно ѝ се препушта. Тој не му се противи на крајот, тој во него гледа мир и спокој. Кога ќе ја заврши врската, кога ќе му помине младоста, кога си оди од домот – неговите очи се полни со солзи иако луѓето околу велат „Каков авантурист!“.
Неговата тага е толку голема бидејќи тој повеќе би сакал светот да го смета за авантурист, за некој кој не се плаши од ништо, бидејќи гледа дека светот го сака тоа, дека на светот му треба тоа, отколку пред целиот тој свет да ја наведне главата и длабоко да издиши.
М. С. | Црнобело