Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што би направил секој хороскопски знак, ако може да се врати назад во времето?

Секој од нас барем еднаш во животот посакал да поседува временска машина и да се врати назад низ времето и некои работи да ги направи поинаку.

shto-bi-napravil-sekoj-horoskopski-znak-ako-moze-da-se-vrati-nazad-vo-vremeto-001.jpg

Астрологијата открива што секој хороскопски знак би променил, ако има можност да се врати во времето.

Овен

Кога импулсивниот Овен би имал можност да се врати во времето, не би ја пропуштил големата љубов од младоста. Би бил помалку тврдоглав и би се согласил на компромис. Што се однесува до семејството, би поминувал повеќе време со децата одошто да го посветува целото свое време на кариерата. На работа, би го правел она што сака да го прави и би започнал сопствен бизнис.


Бик

Ако сентименталниот Бик би имал можност да се врати назад во времето кога важно му било само да заработува пари и да купува работи, многу работи би променил. Повеќе време би посветувал на саканата личност, би бил помалку посесивен и прилагодлив на потребите на саканата личност.


Близнаци

Кога Близнаците би имале можност да се вратат назад во времето, би промениле неколку работи, а на прво место своите емотивни односи. На време би го сфатиле нивното значење и не би се плашеле од врзување. Би се потрудиле да бидат малку подискретни и подобро да ги чуваат тајните.


Рак

Нежниот Рак помалку би се грижел за работите. Помалку би страдал, плачел и помалку би се плашел од животните предизвици. Помалку би паничел пред било кое непријатно изненадување. Што се однесува до нивната кариера, Раковите би биле поамбициозни.


Лав

Кога би можел да се врати во минатото и од корен да ги уништи своите стравови од хронични болки и слабости, би бил многу позадоволен со сопствениот живот. Би открил како да ги контролира своите его и суета кои многупати му наштетиле и би имал подобар однос со другите. Би сфатил дека не е слабост да се покажат емоциите пред другите луѓе.


Девица

Ако Девицата некогаш би имала можност да се врати назад во времето, тогаш би поправила неколку ситни детали во својот живот – би купила брод, би запловила на море и не би се грижела за ништо, мирно би седела на плажа и би испила неколку лименки пиво.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како ќе влијае порамнувањето на 6-те планети врз вашиот хороскопски знак? За Близнаците, ова ќе биде период на духовно будење, додека Водолиите ќе уживаат...
Необични начини на кои хороскопските знаци го лекуваат скршеното срце (по раскинување) Раковите ќе слушаат тажна музика за да се ослободат од тагата, а Рибите ќе напра...
Кои хороскопски знаци се малери, а кои имаат најмногу среќа во животот? Стрелците некогаш одат со главата низ ѕид само за да тестираат колкава среќа има...
Три најсреќни датуми во август 2024 - носат успех и просперитет за секој хороскопски знак 28 август, денот кога завршува ретроградниот Меркур (ќе почне на 5 август), е ед...
Кои хороскопски знаци ги очекува љубов до крајот на летото 2024? Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда...
Еден гест од партнерот што најмногу му значи на секој хороскопски знак На Скорпиите вистински им значи кога партнерот планира излегувања, патувања, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg