Три најсреќни датуми во август 2024 - носат успех и просперитет за секој хороскопски знак
28 август, денот кога завршува ретроградниот Меркур (ќе почне на 5 август), е еден од трите најсреќни дена во осмиот месец во годината. Кои се другите два датуми и што ќе му донесат на секој хороскопски знак?
Осмиот месец во годината ќе им донесе големо олеснување на неколку хороскопски знаци.
Но, во август 2024 има три датуми кои ќе бидат среќни за сите хороскопски знаци - само треба да го искористите позитивното влијание на планетите.
Ова ќе бидат денови со многу позитивна енергија, затоа, искористете ја!
Кои три датуми во август 2024 ќе им донесат најмногу среќа на сите хороскопски знаци?
8 август
Ова, според астролозите е многу поволен ден за работа, купување и завршување домашни активности.
Бројот 8 ја претставува победата на материјалното над духовното и сè се врти околу парите.
Затоа искористете го денешниот ден да завршите некоја домашна работа, да купите куќа, стан или земјиште (ако одамна го планирате тоа), да почнете реновирање на домот и слично.
Но, ова е и ден кога треба да мислите на себе и да се разгалите, па купете си нешто што ќе ве усреќи.
Исто така можете да им подарите нешто на саканите, да јадете вкусна храна, едноставно хедонистички да уживате во денот.
28 август
На овој ден завршува ретроградниот Меркур и самото тоа е доволно да се подобри среќата на секој хороскопски знак.
На 28 август ќе почувствувате наплив на нова енергија, ќе бидете мотивирани да почнете нешто ново, или ќе се потрудите да завршите некој проект на кој работите долго време.
Исто така, до израз ќе дојде вашата креативност (особено ако се занимавате со јавна професија) и ќе добивате пофалби и позитивни коментари од блиските.
Ова е ден и кога може да почнете нов проект на работа, да се охрабрите да почнете свој приватен бизнис.
29 август
На овој ден Венера влегува во знакот на Вага и се верува дека ќе биде најповолниот ден во текот на целиот месец.
На овој ден ќе можете да го постигнете сето она што си го имате зацртано и наумено од претходно.
Кај многу луѓе ова ќе биде ден кога ќе ја сретнат љубовта на својот живот или ќе се свршат по долга врска.
Оваа убава енергија и позитивните случувања, но со помал интензитет, ќе траат и во следните неколку дена.
А. Ј. | Црнобело