Сакате да бидете со Девица? Ова се нивните 10 најголеми тајни
Девиците ги бие глас како најуредни и најпедантни во Зодијакот, но она што сигурно не го знаете е дека не постои знак кој толку многу се разликува од надворешноста до внатрешноста.
Никој не е како овој критичен, организиран перфекционист. Затоа, без оглед дали имате пријатели или љубовници во знакот на Девица, добро е да ги знаете овие 10 работи:
1. Девиците се чувствителни, имајте обѕир
Емотивни се, само даваат се од себе за да ги контролираат емоциите. Толку ги потискаат што често ќе дознаете за нив дури откако ќе „пукнат.“ На Девиците важно им е да им пружите чувство на сигурност за да може да ви ја отворат душата. Нив важно им е некој да ги сослуша.
2. Кажи што мислиш, мисли што кажуваш
Девиците не поднесуваат ментални игри и претпоставки. Ако мора да се борат за да дознаат што некој мисли или чувствува, автоматски не си го губи времето затоа што тоа е незрело. Затоа со Девиците искреноста е секогаш добар избор.
3. Сакаат работа и ред
Креативниот неред за Девиците е нежно мачење. Не мора да пробувате да живеете по нивните стандарди за чистота и организираност, но барем помрднете се и доведете ги основните работи во ред ако сакате да останете во добри односи.
4. Сакаат размазување
Ретко кој знак толку се вложува за другите, а толку малку за себе. Затоа ако сте блиски со некоја Девица важно е да ја размазите и да бидете добри со неа. Девицата тоа никогаш нема да го злоупотреби.
5. Не трпат потценување на интуицијата
И затоа секогаш треба да бидете искрени. Не само што ги мирисаат лажговците на километри, туку и искреноста ја ценат многу повеќе од организираноста. Ништо не можете да сокриете од интуитивните Девици, дури и ако криете нешто за да ги заштитите.
6. Не ги земајте здраво за готово
Нивната посветеност е без граница. Ќе останат со пријателите или партнерот без оглед на се. но, ако мислат дека сте во еднострана врска - ќе ја прекинат. И тогаш нема втора шанса, затоа што Девицата сигурно веќе ви дала пет шанси, но не сте ги искористиле.
7. Навикнете се на тоа дека се зависници од работата
Внимателни се и грижливи, па посебно се гордеат на тоа. Не сакаат луѓе кои несмасно си ги завршуваат работите. Затоа, ако сакате да останете околу Девицата, навикнете се дека прво доаѓа работата, па потоа забавата.
8. Сакаат да дишат, дајте им простор
Посебно се друштвени и забавни, па сакаат да бидат меѓу луѓе, но истовремено се и неверојатно самостојни. Треба да најдете рамнотежа меѓу времето кое го минувате со неа и времето кога треба да е сама.
9. Бидете им најголем фан
Ако мислите дека Девиците се критичари кон другите, замислете какви се кон себе. Затоа потребна им е поддршка и човек кој навива и им повторува дека тие можат да го постигнат она што го наумиле.
10. Девиците дефинитивно не се девици
Името нека не ве залажува - Девиците се страствени. На почетокот можеби се малку воздржани, но кога еднаш ќе се почувствуваат сигурно во нечија прегратка, ќе останете позитивно изненадени. Како што веќе знаете, Девиците се вложуваат 100%, а тоа важи и во кревет.