Хороскопските знаци и игрите на среќа: Кои се вашите најсреќни броеви?

Колкава е вашата шанса да добиете на лото? Или пак во кладилница? Погледнете како вашиот знак влијае на вашата среќа и кои се броевите кои ги одбирате и кои ви носат среќа.

horoskopskite-znaci-i-igrite-na-srekja-koi-se-vashite-najsrekjni-broevi-01.jpg

За некои тоа се броевите на датумот на раѓање, а некој ќе се одлучи за најексцентричниот избор со затворени очи. Каде припаѓате вие?


Овен

horoskopskite-znaci-i-igrite-na-srekja-koi-se-vashite-najsrekjni-broevi-1.jpg

Овните имаат неверојатна среќа и секогаш добивааат на игрите на среќа. Слободно можете да отидете и да пополните еден билет или во кладилница да се обложите. Пополнувањата ги правите брзо, интензивно, импулсивно и со прецртување на броевите. Ги користите оние броеви кои веднаш ви проаѓаат низ главата. Тоа се најчесто броевите од кои е составен датумот на вашето раѓање. Барем еднаш мора да го пополните бројот 1 без разлика на тоа дали е самиот број еден или дел од некој двоцифрен број како 12 или 41. Никогаш не ги користите истите броеви ако со нив еднаш сте изгубиле.


Бик

horoskopskite-znaci-i-igrite-na-srekja-koi-se-vashite-najsrekjni-broevi-2.jpg

Посакувате да добиете, но никогаш не замислувате дека тоа може навистина да се случи и веднаш штом ќе го пополните ливчето, сумата која сте ја пополните ја сметате како губиток. Бројот 13 во ниту еден случај нема да ви донесе среќа, но затоа верувате дека бројот 25 ви е среќна цифра. За пополнување речиси секогаш си користите броевите на куќата во која живеете, а доколку бројот е превисок тогаш предходно го делите. Постојано ги користите истите броеви.


Близнаци

horoskopskite-znaci-i-igrite-na-srekja-koi-se-vashite-najsrekjni-broevi-3.jpg

Игрите на среќа се секогаш возбудливи и во нив особено учествувате вие. Вашиот главен адут е тоа што сте креативни и се служите со броеви од тоа како ви минал денот. Ако денес сте биле на пазарење, тогаш ќе ги употребите броевите од сметката. Ќе делите и множите и ќе добивате разно разни комбинации кои секогаш ги менувате. Вие сте љубители на фудбалот и токму затоа секогаш пополнувате ливчиња за кладилница. Верни сте само на еден број, бројот 2.


Рак

horoskopskite-znaci-i-igrite-na-srekja-koi-se-vashite-najsrekjni-broevi-4.jpg

Вие ќе се одлучите да пополните, но не верувате дека некогаш ќе имате добитно. Секако за да не дознаат другите, тоа го правите скришум. Листата на броеви кои ќе ги искористите е долга и го вклучува целото семејство и најблиските. Оние најмрачните Ракови ќе се одлучат за некоја историска книга каде има цела листа на броеви кои ќе ги користите до крајот на животот.


Лав

horoskopskite-znaci-i-igrite-na-srekja-koi-se-vashite-najsrekjni-broevi-5.jpg

Имате среќа. А зошто не би имале и во игрите на среќа? Навистина не е возможно постојано да губите. Кога прецртувате броеви на билетот тогаш тоа се само „вашите“ броеви. Тоа се броевите од вашиот датум на раѓање, регистарските таблици за кола, бројот на облека.. Вашите најсреќни броеви се 3, 33, 7, 35, но и бројот 13.


Девица

horoskopskite-znaci-i-igrite-na-srekja-koi-se-vashite-najsrekjni-broevi-6.jpg

Вие не верувате во игрите на среќа, но сепак пополнувате по некое ливче. Секако тоа го правите ретко и систематски. Бидејќи сте логички настроени вашиот начин на бирање на броевите е секогаш по предходно долгочасовно мислење и донесување на заклучоци. Бројот 4 е секогаш пожелно да биде во вашиот репертоар на цифри кои ги користите. Вие не брзате до толку што ви требаат и недели. Имате добра природа и никогаш нема да се налутите ако изгубите.

За останатите знаци прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg