Хороскопските знаци и игрите на среќа: Кои се вашите најсреќни броеви?
Вага
Доколку сте родени во знакот на Вага тогаш вие со сигурност живеете на висока нога, но и свесни сте дека тоа нема да трае засекогаш. Ќе се одлучите да пополнувате ливчиња и билети, но никогаш нема да помислите да му се задолжите на некому. Цифрите ги одбирате по нивниот изглед. Ги одбирате оние броеви кои ви се чинат убави или хармонични. Така на пример, за вас убави се броевите 22, 44, 11 и често може да се сретнат во вашето лото ливче. Среќа може да ви донесе и бројот од износот на подарокот на најсаканата личност.
Скорпија
Кој има право, а кој нема право да добие на игрите на среќа? Вие посакувате тоа да го знаете и сметате дека сте дел од оние кои мора да бидат меѓу оние кои добиваат. Незаситни сте и незадоволни од повремените и мали добивки. Вие всушност посакувате секое ливче да ви носи нешто. Ги одбирате броевите кои сметате дека најмалку се одбираат. Сакате да бидете сами и на врвот. Бројот 7 според вас мора секогаш да биде прецртан и оттука започнувате по редослед да пополнувате. Така е и случајот со несреќниот број 13.
Стрелец
Вие често добивате на игрите на среќа, но и кога ќе загубите тоа воопшто не ви е важно и не се лутите. Секоја бројка која ја прецртувате мора да има некава смисла за вас. Така на пример на вашето ливче ќе се најдат некои историски броеви како оние кои ги означуваат важните животни настани. Меѓу броевите 9 е вашиот среќен број.
Јарец
Вие сте обично прилично рационални. Сепак ќе пополните ливче, но на штедлив, внимателен начин со извлекување на системи. Одбирате броеви кои ги откривале научниците при мерење на физичките појави. А не е чудно и да направите комбинација од вашата висина и тежина.
Водолија
Кој би добил ако не вие! Такво е вашето длабоко уверување. Ливчето ќе го пополните ексцентрично. Ќе ги заврзете очите и ќе пополнувате онаму каде ве води раката. Или пак ако сакате да гледате што правите ќе се одлучите за брзо одбирање на броевите без никакво размислување. Ако сте вистинска Водолија никогаш нема да внесете еден ист број два пати.
Риби
Рибите страсно чекаат на својот добиток. Вие се надевате, но никогаш не знаете што би правеле со парите кои ќе ги добиете. Ливчињата ги пополнувате суеверно. И притоа ќе се одлучите за оние броеви кои некогаш ви донеле среќа или верувате дека ќе ви донесат среќа. Така на пример ќе го одберете датумот кога сте добиле покачување на платата.