Како да ги препознаете: Жените Ракови се нежни, Лавиците доминантни, а Јарците моќни
Како освојуваат жените родени во знакот на Овен, како да ги препознаете припадничките на водените знаци, која е тајната на Близнаците...
Сè што треба да знаете за жените според хороскопот:
Жената Овен е огнен освојувач кој сака да е во центарот на вниманието
И веројатно ќе се облече најсекси што може само за да ја постигне целта. Сака да се стегне и да ги нагласи своите адути. Жените родени во овој знак имаат необично, изразено лице, непосредни се и опуштени во комуникацијата, а кога еднаш ќе ги запознаете ќе откриете колку се страствени.
Жената Бик го менува изгледот од „обична девојка“ до фатална жена
Обично има бујни гради и женствено деколте, малку пошироки колкови и цврст карактер. Еротични сте и сакаат допири додека разговараат. Своеглави се, заради што се предизвик за силните мажи.
Жените Близнаци се вечни деца со 100 лица
Припадниците на овој знак се шармантни, брзо мислат и се комуникативни. Омилени се во големите друштва, обично имаат светли очи и коса, а потемен тен. Сакаат да се трансформираат и заводничкиот пристап го менуваат зависно од типот на маж кој сакаат да го освојат.
Жените Ракови се нежни и чувствителни
Овие жени обично имаат изразени облини и се гордеат со нив. Обожаваат сè што е поврзано со семејството, па затоа се сметаат за најпосакувани партнерки. Женствени се, знаат како да се снајдат во секоја ситуација и секој флерт, а го обожаваат вниманието на кавалерите.
Лавиците се доминантни, снаодливи и сакаат да се во центарот на вниманието
Ќе ги препознаете затоа што обожаваат нагласен накит. Обично имаат бујна и негувана коса, а помеѓу луѓето се оние најгласните и со најистакнат авторитет. Своите маани секогаш знаат вешто да ги претворат во предности, па заради тоа сметаат дека се безгрешни.
Жените Девици имаат латентна сексуалност
Педантни се и организирани во секој сегмент од животот. Уживаат во игрите на заведување, иако ја кријат сексапилноста. Имаат романтичен стил на облекување и префинети црти на лицето. Често глумат добри девојчиња, па делуваат многу помлади отколку што навистина се.
Уште 6 знаци на следната страна...