Како да ги препознаете: Жените Ракови се нежни, Лавиците доминантни, а Јарците моќни
Вагите се одлични заводнички и се грижат за својот изглед
Знаат како да се облечат во секоја ситуација и да бидат забележани. Сакаат да се дотеруваат и да заведуваат со облеката. Фризурата им е секогаш одлична, а шминката перфектна. Понекогаш, тоа е причината заради која мажите не им приоѓаат - перфекционизмот.
Скорпиите се најопасни заводнички
Жените Скорпии имаат шарм кој не се објаснува, а се природни. Имаат симпатично зарипнат и сензуален глас по кој веднаш ќе ги познаете. Може за секунда да ве соборат со нога, но знаат да бидат и посесивни. Кога заведуваат играат топло - ладно, па партнерите буквално полудуваат.
Жените Стрелци се тешко допирливи
Обично го негуваат спортскиот стил и дух, но сакаат и скап накит по кој ќе ги препознаете. Ги красат долги нозе, но немаат претерани облини, што знаат многу паметно да го искористат како предност. Колкави недостатоци и да имаат, нивната насмевка едноставно е незаменлива.
Жената Јарец освојува со рамнодушноста
Овие жени се моќни и самоуверени, заради што обично напаѓаат и освојуваат послаби партнери. Обожаваат да доминираат и искажуваат моќ. Имаат убави нозе, обично се витки, а многу добро знаат да се истакнат со впечатлива и скапа облека.
Жената Водолија е храбра и неоптоварена
Иако делуваат прилично незаинтересирано за мажи и освојување, припадничките на овој знак се духовно богати. Го спојуваат неспоивото при облекувањето, ја сакаат виолетовата боја и изгледаат секси дури и во обични патики и тренерки. Буквално се заљубени во себе.
Рибите се грациозни
На прв поглед се нежни и чувствителни, но тоа е само трик со кој го ловат спротивниот пол. Имаат грациозна градба на телото, нежни и убаво обликувани нозе, прекрасен поглед и без проблем ќе го искористат за да ве погледнат како „ранета срна“. Тоа е нивниот трик за успех.