7 карактеристики кои го прават секој хороскопски знак посебен
Лавот секогаш знае како да ве насмее, Девицата е некој на кој секогаш може да сметате, Стрелецот ќе влее оптимизам во животот, а Јарецот ве поттикнува да бидете секогаш подобри...
Зошто го сакаме секој хороскопски знак? Што го прави посебен и единствен?
Овен
1. Го прави животот возбудлив.
2. Секој момент е важен во нивниот живот, а тој став го пренесуваат и на другите.
3. Ако ви треба храбар партнер за луди авантури - тука е за вас.
4. Со Овенот можете да се искарате, но за 5 минути кавгата се заборава.
5. Скокаат од среќа кога ќе направите нешто добро за нив.
6. Ако имате некој проблем или сте лути, Овенот ќе има големо разбирање за вас.
7. Брзо и жестоко се вљубуваат, па нивните љубовни партнери имаат незаборавно искуство.
Бик
1. Огромна маза.
2. Предани се и доверливи, па затоа се одлични пријатели.
3. Бикот не може да се преправа, може само да биде искрен.
4. Ако се чувствувате виновни затоа што изедовте цело чоколадо, Бикот ќе ве увери дека тоа е заслужено и ќе ви донесе чаша млеко за да наздравите.
5. Во домот на Бикот секогаш сте добредојдени.
6. Помагаат во реализацијата на туѓите идеи.
7. Затоа што сакаат да уживаат само во најдоброто, така и нивните пријатели ги имаат истите привилегии.
Близнаци
1. Ако сакате партнер за анализирање и објаснување - Близнаците се идеален избор.
2. Обожаваат нови ситуации и можности и максимално ги користат новоотворените хоризонти.
3. Секојдневно се менуваат, па затоа лесно трпат критики.
4. Паметни се и начитани, па затоа добри се во сите друштвени игри и загатки.
5. Заради нивната отвореност лесно склучуваат нови пријателства.
6. На сите околу нив влијаат позитивно и ги поттикнуваат да бидат поактивни.
7. Ако некогаш ви недостасува друштво за излегување - прво треба да се јавите кај Близнаците.
Рак
1. Од нив извира нежност и интересирање за другите луѓе.
2. Секогаш се трудат да создадат пријатна атмосфера за луѓето кои им значат.
3. Имаат неверојатен инстинкт да проценат што не е во ред со вас - дали сте тажни, лути, нервозни...
4. Раковите се едни од ретките кои искрено го поставуваат прашањето „Како си?“ и навистина сакаат да го слушнат одговорот.
5. Неговата смисла за хумор е посебна.
6. Ракот има способност да ги натера сите да се чувствуваат сигурно во негова близина.
7. Искрено покажуваат чувства и гласно кажуваат кога ве сакаат.
Лав
1. Зависник од адреналин и забава.
2. Ентузијазмот на Лавовите е заразен.
3. Романтичар кој ги цени сите ситници и изјави на љубов.
4. Секогаш е заштитнички настроен кон луѓето кои му значат.
5. Шармот му помага да се извлече од сите непријатни ситуации.
6. Ако Лавот се заљуби во вас, ќе се чувствувате како најпосакуваното суштество на планетава.
7. Лавовите се секогаш чудно, симпатично мистериозни.
Девица
1. Припадниците на овој знак имаат силни емоции, но и развиено чувство за разумно реагирање.
2. Во моментите кога имате потреба од потпора - Девиците се тука уште пред да им се јавите.
3. Сакаат кога го расчистуваат туѓиот неред и тоа им е забавно.
4. Девиците никогаш нема да ги чекате - тие секогаш се појавуваат барем 5 минути порано.
5. Кога сте хаотични и под стрес, јавете и се на некоја Девица. Нејзината организираност има смирувачко дејство.
6. Девицата сака да биде известена за сè што се случува.
7. Девиците секогаш имаат план - што ги прави посебно забавни.
Останатите 6 знаци се на следна страна...