Кои вежби му одговараат на вашиот хороскопски знак?

Спортот или барем рекреативното вежбање и движење се важен фактор за човечкото здравје. Сепак, не им одговара сè на сите. Постојат одредени вежби кои повеќе одговараат ан еден отколку на некој друг знак.

koi-vezbi-mu-odgovaraat-na-vasiot-horoskopski-znak-001

Пронајдете го својот знак и дознајте кои вежби најмногу ви одговараат.

Овен

Припадниците на овој знак ги привлекуваат секакви телесни активности. Омилени им се адреналинските спортови кои во себе носат доза опасности како што се скијањето, сурфањето, јавање или качувањето по карпи. Натпреварувачки се настроени, па им одговараат и некои боречки вештини. Тие не играат само за да учествуваат, туку и за да победат.

Бик

Ако се прашуваат тие би останале да се излежуваат на песочна плажа. Но, ако баш мораат да одберат некоја физичка активност, можеби тоа би било пешачење, голф или јога. Ако се одлучат за нешто што бара поголем труд, тоа максимум би било планинарење или дигање тегови.

Близнаци

Тоа се активни и интелигентни луѓе кои во секоја активност сакаат да го вклучат и својот бистар ум. Токму поради тоа најмногу им одговараат ментални активности низ игра како шах или карти. Доколку бираат спорт, тоа би било тенис, сквош или бадминтон.

Рак

Припадниците на овој знак сакаат групни спортови, бидејќи се склони да ги тестираат своите крајни граници на издржливост. А со оглед на тоа што се воден знак, природно им е да изберат пливање, ватерполо, рибарење, едрење, но се одлучуваат и за голф или хокеј на мраз.

Лав

Лавовите го обожаваат спортот и рекреацијата. Најмногу сакаат да вежбаат во теретана, каде може да му се воодушевуваат на своето добро градено тело. Со оглед на аристократскиот вкус, Лавовите сакаат спортови во кои доаѓа до израз гламурот, како голф, поло, коњанички и автомобилски трки.

Девица

Девиците сакаат да бидат во форма, но најмногу поради здравјето, а помалку заради изгледот. Според тоа, најчесто одбираат аеробик, јога, пилатес и танц. Во спортот бараат прецизност, па затоа се одлучуваат за голф, билјард и стрелаштво.

koi-vezbi-mu-odgovaraat-na-vasiot-horoskopski-znak-2.jpg


Дознајте ги спортските активности уште на 6 хороскопски знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg