Хороскопот открива: Дали можете да се препуштите на уживањето
Вага
Вие сте многу чувствителни во стресни и напнати ситуации особено кога се предизвикани од некои лични односи. Ќе направите сè што е во ваша моќ за да внесете рамнотежа во секоја ситуација, но ако сте во безизлезна состојба тогаш ќе се борите како лут тигар. Животот би ви бил многу поедноставен ако не се трудите на сите да им угодите. Обидете се да го правите она што вас ќе ве усреќи. Напнатоста ја чувствувате во грбот и бубрезите. Затоа, секојдневно правете вежби за истегнување и за побавно дишење.
Скорпија
Вашите емоции се толку силни и длабоки што во секојдневниот живот пронаоѓате многу причини за стрес. Со оглед на тоа што сте таинствени и сакате секогаш да имате контрола во себе акумулирате многу поголема напнатост отколку што сте свесни. Стравот, лутината и фрустрираноста влијаат на организмот во ослободувањето на деструктивните хормони, што како краен резултат може да предизвикаат и психички пореметувања. За вас е важно да научите како да се изборите со стресот, со помош на вежби за абдоменално дишење и релаксација на мускулите.
Стрелец
Вашиот оптимизам прави поретко да се изложувате на стрес. Умеете да се изборите со грешките. Острите коментари се ваш вообичаен начин да се изборите со оние кои ви досадуваат. Она што најмногу ви пречи е нечиј обид да ви ја ограничи слободата и независноста. Во такви ситуации може да се разбеснете. Обилна храна и силни пијалаци се вашите слаби точки на кои се препушатате во случај на стрес и влијаат на вашата телесна тежина. Потребна ви е мускулна активност и бавно дишење за да се ослободите од стресот.
Јарец
Вие претставувате екстремен случај на самоконтрола и ориентираност кон поставената цел. Со оглед на тоа што сте окупирани со тоа да оставите добар впечаток, знаете како темпераментот да го држите под контрола. Строги сте кон себе и во повеќето случаи напнатоста која ја чувствувате е резултат на вашите преголеми очекувања. Опуштете се со прошетка во природа. Напнатоста ја чувствувате во зглобовите, коските и колената.
Водолија
Прилично добро го контролирате својот карактер и емоции. Иако сакате промени, вашите погледи се главно стабилни. По природа сте интелектуална личност и лесно им простувате на другите. Но, понекогаш може да ви пречи нечие однесување или провокација која ве доведува во состојба на напнатост. Ако другата личност е подготвена за разговор се дистанцирате од проблеми. Вашиот деликатен нервен систем најмногу го чувствува стресот. Тензија чувствувате и во нозете и долниот дел на грбот. Склони сте кон грчеви во нозете . За да се смирите потребно е да ги опуштите мускулите.
Риби
Во состојба сте за некое време да насоберете толку многу напнатост во себе што може да ви ја уништи целата емотивна состојба и да ви го загрози внатрешниот мир. Чувствителни сте и никога никого намерно не би повредиле, но понекогаш конфликтите се неизбежни. Лимфниот систем во вашиот организам е вистински борец против болести, а стресот најмногу ви се одразува на имунитетот. Избегнувајте претерување во што било, а кога ќе се почувствувате под стрес потребно е да направите неколку вежби за опуштање.