Астро совети: Како да ја вратите страста во врската?

Од време на време, на секоја врска и е неопходно освежување. Во недостаток на идеи како тоа да го направите, хороскопот ви нуди одлични решенија.

astro-soveti-kako-da-ja-vratite-strasta-vo-vrskata-01

Воздушни знаци

Близнаците, Вагите и Водолиите сакаат да комуницираат, па ритуалите кои вклучуваат многу приказни и раскажување се идеален избор. Воздушните знаци мора да бидат стимулирани, затоа што во спротивно запаѓаат во депресија и досада, па секогаш планирајте активности кои ќе ги одржат будни и заинтересирани.

Идеи: Одвојте една ноќ за игри со зборови. Еднаш месечно организирајте романтична вечер со поезија. Читајте книги, а потоа раскажувајте ги и споделувајте искуства.

Огнени знаци

Овните, Лавовите и Стрелците уживаат во акција и во движење и може да им биде многу тешко ако останат во едно место подолго време. Затоа што не сакаат да прават многу работи во исто време, една ноќ неделно за забавни активности е сосема доволна за нив – сè додека активностите се возбудливи и екстремни.

Идеи: Одете во теретана или запишете се на некој екстремен спорт. Танцувајте заедно, без разлика дали знаете или не. Еднаш неделно изненадете ги со целовечерно излегување и никогаш не правете нешто што веќе сте го направиле на минатите состаноци.

Водени знаци

Раковите, Скорпиите и Рибите мораат да воспостават емотивна конекција, па пронајдете некоја активност која ви овозможува да се поврзете на емотивно поле. Повторно откривајте ги чувствата и не се срамете да ги искажете на сите можни начини, ако сакате овие знаци да се чувствуваат посакувано.

Идеи: Гледајте филмови кои се исполнети со емоции. Одете на предавања врзани за некоја уметност или пак ако веќе имате некои таленти, создадете заедничко дело.

Земјени знаци

Биковите, Девиците и Јарците се практичари и сакаат да ги видат резултатите од трудот кој го вложиле. Ритуалите и рутините се нешто што обожаваат. Повеќе сакаат да прават нешто корисно, отколку забавно. Пронајдете активности кои се истовремено практични и необични.

Идеи: Одгледувајте некое растение или животинче заедно. Пуштете музика и средете го домот или собата во пар. Бидете практично креативни и практикувајте проекти кои ќе им го задржат вниманието на подолго време.

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg