Како бакнува секој хороскопски знак?
Секој ги доживува различно бакнежите, па така и хороскопските знаци делат различни бакнежи. Енергични, силни, страсни... Пронајдете се и откијте како бакнувате.
Овен - Бакнежот на овенот е секогаш енергичен. Тој го прави бакнувањето возбудливо до крајни граници.
Бик - Биковите бакнуваат сензуално и лесно. Сакаат да се галат, па затоа знаат нивните бакнежи да бидат проследени со силен стисок на раката, прегрнување, играње со косата...
Близнаци - Близнаците се променливи, исто како и нивните бакнежи. Доколку се одлучите за партнер Близнак, ќе доживувате различни искуства секојдневно.
Рак - Раковите се познати емоционални души, па затоа бакнежот со нив секогаш е пријатен. Речиси секогаш го иницираат бакнувањето, но никогаш нема да ве остават без здив. Нежни се и чувствителни, но понекогаш им недостасува страст.
Лав - Спротивно со Раковите, Лавот сака кога ќе ве “собори со нога.” Опуштете се и препуштете се, нема да зажалите.
Девица - Бакнежите на девиците се совршени, внимателни и чувствителни. Полн со емоции и токму онаков каков што сте го замислувале.
Вага - Вагите сакаат да ги задоволуваат желбите на другите, но очекуваат нешто за возврат. Затоа, секој нивен бакнеж има цел и води некаде. Во секој случај, емоциите во ниту еден момент не се исклучени.
Скорпија - Скорпиите се страствени, исто како и нивните бакнежи. Тие се посветени кога бакнуваат и сакаат, па затоа нема да ви треба многу за да ве маѓепсаат.
Стрелец - Стрелците секогаш сакаат многу повеќе од она што го добиваат. Затоа, ако сакате да освоите некој Стрелец, бакнувањето повторете го многу пати. Со ист интензитет, страст и внимателност.
Јарец - Јарците се бакнуваат елегантно, префинето и непотполно. До сега ретко кој одбил таков бакнеж.
Водолија - Тие сакаат бакнежи кои се изненадни и необични. Спонтаните бакнежи се нивни омилени, па затоа се одлично изненадување за секоја Водолија која сакате да ја воодушевите.
Риби - Рибите ќе ве бакнат само ако убаво им мирисате. Тие се бакнуваат нежно и внимателно, а истото го очекуваат и од вас. Не сакаат премногу акција и грубост, па затоа избегнувајте да експериментирате.