Какви парфеми преферираат хороскопските знаци?
Водолиите сакаат слатки мириси, Скорпијата користи интензивни парфеми, Рибите се верни на традиционалните парфеми, а Стрелецот е маѓепсан со мирисите на Далечниот Исток.
Огнените Овни се склони кон опојни мириси
Динамичниот Овен го привлекуваат сензуални ноти кои одговараат со неговиот карактер. Привлечен е од мирисот на цимет, мускатно оревче, лимон и цитрус.
Бикот е верен на еден мирис
Бикот не сака да експериментира со мириси и е лојален на еден бренд, кој мора да биде посебно дизајниран. Тој парфем има ноти на мандарина, ружа и ванила. Сака и интензивни тонови што го прават да се чувствува сензуално и моќно.
Близнаците не можат да одолеат на цветни и цитруси ноти
Близнаците, сакаат да експериментираат со парфеми, а најмногу им одговараат цветни и цитрусни мириси. Најчесто ги одбираат според расположението, кога се романтично расположени сакаат овошни тонови како јагода, портокал и ванила, а за секојдневна варијанта одбираат освежувачки тонови од лимон.
На Ракот му одговараат префинети ноти
На чувствителниот Рак му одговараат нежни женствени тонови од јасмин, ружа и магнолија. Сака свежи и заодливи парфеми за да биде забележан од друштвото.
Лавот сака да се истакнува
Тој сака едноставни мириси на ружа или есенцијални масла, но понекогаш сака и скапи парфеми. Него му е исклучиво важно да мириса убаво и бира кокос, ванила, ружа и сандаловина.
Девицата сака само свежи и транспарентни мириси
Девицата сака мириси кои и даваат чувство на свежина, и затоа оваа нежна личност одбира парфеми со тонови на портокал, грејпфрут и анис.
Вага сака необични ноти
Вагата има специфичен вкус кога се работи за парфеми и најмногу и одговараат романтични тонови од сандаловина и клементина. Меѓутоа таа сака во друштвото да остава посебен впечаток и затоа понекогаш бира необични парфеми со феремони или босилек.
Скорпијата не се откажува од интензивните мириси
Мистичната Скорпија сака класични парфеми со интензивен мирис. Најмногу одговараат класични мириси со додаток од бадем, гарденија и мошус.
Стрелецот е маѓепсан од мирисите од Блискиот исток
Стрелецот сака егзотични мириси од Азија и Далечниот Исток како што се темјан, сандаловина и зелен чај. Како и Близнакот сака да експериментира во посебни прилики и носи парфеми од лубеница и цреши.
Јарецот одбира здрави парфеми
Јарецот исто како и девицата сака транспарентни мириси, и бидејќи е опседнат со здравјето сака неговиот парфем да содржи витамин Б, зелен чај и женшен.
Водолијата ќе ја препознаете по слаткиот мирис
Слатки и цветни мириси се најдобар избор за Водолијата. Овој знак кога ќе го пронајде својот омилен парфем не се одвојува од него. Најмногу му одговараат мириси на ванила, сандаловина и лаванда и интензивната нота на пачулија.
Класичните Риби носат традиционални ноти
Романтичните Риби одбираат традиционални ноти од сандаловина и темјан. Тие се верни на еден парфем, но затоа сакаат да експериментираат со мирисни лосиони и кремови. Сепак во посебни прилики сакаат да носат парфеми инспирирани од Африка и Индија со тонови од даб, лотус и јантар.