Моден хороскоп: Лав
Ако зборуваме за кралиците на гламурот, жените кои и во секојдневието наоѓаат начин да го истакнат својот гламур, зборуваме за жените родени во знакот на Лав. Гардеробата кои тие ја носат не мора да биде раскошна и нападна. Таа може да биде сосема едноставна, но сепак мора да има впечатливи детали. Обожаваат исечени фармерки, анимал принтови, кожни додатоци и сè останато со што може да го надополнат својот секојдневен изглед. Вртоглавите потпетици им се меѓу омилените додатоци.
Има нешто посебно во овие жени, отмено. Имаат став, стилот го дефинираат со неодолива енергија, со сигурност. Сакаат постојано да бидат во центарот на вниманието со раскошните фризури. Тие успеваат да бидат забележани со смелите комбинации, каде и да одат.
На овие жени им одговараат додатоците од жолто злато или жолто-златна бижутерија. Посебно ги сакаат големите огрлици, менѓуши, брошеви и сè останато што веднаш паѓа во очи. Секако, бојата која најдобро им прилега е златната, но и црната и црвената одлично знаат да ги комбинираат.
Лавовите потполно им се предаваат на брендираните парчиња облека и практикуваат облека, обувки, козметика и парфеми исклучиво со потпис на нивниот омилен дизајнер. Жените родени во овој хороскопски знак обожаваат да се дотераат од глава до пети во сред бел ден и да привлечат огромно внимание со своите тесни фармерки и впечатливи потпетици.
Овие жени Лавици знаат да носат сè, од светлуцав накит,материјали со животински принт, па сè до раскошно крзно и чизми над колената.
Модни предлози за жените родени во овој знак:
Идеални гламурозни претставнички на овој знак: