Како хороскопските знаци покажуваат дека се заљубени?
Во фазата на флерт не е лесно да се открие дали некому навистина му се допаѓате. Сепак, секој хороскопски знак има едноставни, можеби несвесни показатели со кои се обидува да ви даде до знаење дека сте во игра.
Па, погледнете кои се тие знаци...
Овен
Овните не сакаат многу да тактизираат, па ако им се допаѓате, веројатно отворено ќе ви кажат. Меѓутоа ако играат на картата таинственост, тогаш обрнете внимание на нервозните движења. Тоа не се показатели дека повеќе би сакале да бидат на друго место, туку дека сакаат да бидат со вас.
Бик
Биковите се главно традиционалисти, конвенционални типови, па ако им се допаѓате, тој или таа ќе ви се додворува на старомоден начин. Прашањата за омилена боја, храна или цвеќе – значат дека планираат да ве заведат и дека се обидуваат да смислат совршен состанок.
Близнаци
Близнаците се флертувачи чии умови се вечно будни и активни, а сакаат да разговараат со сите што ќе ги запознаат и тоа за најразлични теми. Затоа е малку потешко да препознаете дали во вас гледаат нешто повеќе од незадоложителен флерт. Најдобар знак за тоа е ако, покрај вообичаената конверзација, почнат да ви поставуваат лични прашања.
Рак
Раковите се главно ориентирани кон семејството, па ако кон вас почнат да се однесуваат емпатично, тоа е добар знак дека им се допаѓате. Ако се постават заштитнички, тоа е чекор понапред, а ако ве повикаат да го запознаете нивното семејство, тоа е сигурен знак дека ве гледаат како партнер.
Лав
Лавовите сакаат да „драмат“ па тешко е да се заклучи дали зад нивниот спектакуларен настап стојат искрени чувства или само позирање. Но, сигурно им се допаѓате ако се откажат од тоа да бидат во центар на внимание и ако ве пуштат вие самите да уживате во тоа.
Девица
Логични и практични, Девиците нема на сите ѕвона да ја покажат својата љубов со некој голем гест. Ако пронајдат време и ве прашаат за вашите чувства и се релаксираат во вашето друштво, тоа е добар знак дека постои нешто повеќе.
Останатите 6 знаци се на следната страна...