Зошто (не) треба да се омажите за него, според неговиот хороскопски знак
Вага
Мажите ваги сакаат да се дружат, пријатни се, романтични и мили, не само со вас, туку со сите.
Мана им е тоа што се нерешителни и секогаш се преиспитуваат по стопати за сè.
Уште една негативна страна им е тоа што постојано флертуваат, дури и кога се во ваше друштво.
Скорпија
Мажите Скорпии се лојални, страстни, искрени и на нив можете секогаш да се потпрете.
Истовремено се неверојатни во кревет, што е плус кај секоја жена.
Но, скоро секој маж роден во овој знак како да има скриена агенда и ако треба - ќе скрие многу работи од вас.
Стрелец
Овие мажи се секогаш подготвени за авантура, сакаат да патуваат и тоа ќе го направат без оглед дали ќе им се придружите или не.
Интелигентни се и знаат како да напредуваат во животот.
За жал, со нив скоро никогаш не можете да излезете на крај и да се докажете - и да сте во право, тие нема да го сменат своето мислење.
Јарец
Мажите Јарци се вредни и решени да успеат, поради што секогаш имаат пари, а домот им е полн.
Имаат силна волја, лојални се и независни, а ова последново може да е и доблест и мана, зависи од човекот.
Негативна страна им е што знаат да бидат исклучително тврдоглави, ќе сакаат да ве контролираат, и лесно може да ве отсакаат.
Водолија
Водолиите се секогаш млади во душата и расположени за забава (и во креветот и надвор од него).
Тие се инвентивни, секогаш трагаат по нешто ново, по специјални аспекти од животот.
Но, лошата страна им е тоа што не можете секогаш да се потпрете на нив, а може да се и бунтовни, па да ви се спротивставуваат постојано.
Риби
Мажите Риби се слатки, романтични, страстни, плус знаат и да слушаат.
Кога ќе ве засакаат, во состојба се да ви ги дадат и срцето и душата.
Но, ова не е секогаш позитивна работа, зашто имаат способност за манипулација, особено ако и вие се заљубите во нив.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





