Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто (не) треба да се омажите за него, според неговиот хороскопски знак

Јарци - Негативна страна им е што знаат да бидат исклучително тврдоглави, ќе сакаат да ве контролираат, и лесно може да ве отсакаат.

zoshto-ne-treba-da-se-omazhite-za-nego-spored-negoviot-horoskopski-znak-01.jpg

Пред да речете „ДА“ и да стапите во брак со вашиот сакан, постојат некои работи за него кои ќе ви ги открие само хороскопот.

Астролозите направија листа со причини зошто треба или (можеби) не треба да се омажите за својот партнер, а врз база на неговиот хороскопски знак.

Прочитајте што пишува во неговиот хороскоп:

Овен

Ако сте во врска со маж Овен, имате среќа - со него никогаш нема да ви е здодевно.

Овие мажи се забавни, диви, знаат како да сакаат и покрај нив секогаш се случуваат забавни работи.

Мана им е тоа што сакаат сè да е по нивно, па може да станат себични или да се постават шефовски за да го добијат тоа што го сакаат.

Бик

Бикот е лојален, вреден, домот му е поважен од пријателите, а вие ќе можете да се потпрете на него.

Тој сака луксуз, па немојте да се изненадите ако и вас ве научи на ваков животен стил.

Но, Бикот ќе го очекува истото и од вас - да му бидете верна и посветена на него, без да имате можност за свој живот и интереси.

Близнаци

Мажите родени во знакот на Близнаци многу зборуваат и сакаат да знаат сè.

Ова може да е и добро и лошо - тој секогаш ќе има нова тема за разговор, паметен е, има интересни приказни за раскажување.

Но, се лути ако немате толку многу време за да го ислушате до крај, а лутината може да ја држи со денови.

Рак

Мажот Рак сака да се гали, да се гушка, чувствителен е.

Но, Раковите (повеќето од нив) имаат и многу блиска врска со својата мајка, што во многу случаи може да е негативно за вас, бидејќи ќе ја одбере неа наместо вас во секоја караница.

Уште една негативна особина му е што често го менува расположението (почесто и од жена во ПМС).

Лав

Ако сте во врска со Лав, нема да ви е здодевно, затоа што тој секогаш ќе најде начин како да ве расположи и насмее.

Но, ако не е во центарот на вниманието, станува намуртен, тврдоглав и суетен.

Затоа, бидете подготвени на многу компромиси или на многу караници - зависно од тоа дали сакате да попуштате некому или не.

Девица

Мажите Девици се исклучително многу организирани, особено кога се во прашање финансиите.

Истовремено, тие се пристојни и приземни, па со нив скоро никогаш нема да влезете во конфликт.

Но, ниската самодоверба, како и потребата сè да им е „под конец“ често ги нервира нивните партнерки.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg