Какви сте во љубовта, според келтскиот хороскоп?

Родените во знакот на дрвото бреза се добри партнери, сè додека не дозволат амбициозните цели да ги обземат.

kakvi-ste-vo-ljubovta-spored-keltskiot-horoskop-01.jpg

Келтите имале голема поврзаност со природата, а ова се отсликува и во нивната астрологија.

Тие имале две „категории“ на астролошки знаци – келтски знаци инспирирани од животни и келтски знаци инспирирани од дрвја.

ТУКА можете да проверите кој е вашиот келтски знак инспириран од животните и што кажува за вас.

Знаците инспирирани од дрвјата, пак, се темелат на верувањето дека целиот универзум е едно големо дрво чии гранки, корења и труп ги претставуваат иднината, сегашноста и минатото.

Во продолжение погледнете кое дрво сте според келтскиот хороскоп, но и какви сте во љубовта врз основа на тоа:

Бреза (24 декември – 20 јануари)

Луѓето со овој знак се родени во најтемниот период од годината, па токму поради тоа можат да најдат светлина во секоја ситуација.

Како дрвото бреза, виреат во секакво опкружување.

Тие се мошне амбициозни и секогаш ги исполнуваат своите цели.

Сите овие карактеристики ги прават добри партнери, но сè додека не дозволат амбицијата да ги обземе.

Ги привлекуваат успешни луѓе со оптимистичен поглед кон светот.

Јаребика (21 јануари – 17 февруари)

Овие луѓе се познати по интелектуалниот пристап кон животот.

Често се самотници, а ги привлекуваат луѓе кои сакаат интелектуални разговори и не се плашат да размислуваат за подлабоки теми.

Главно не трошат време на партнери со кои немаат иднина и секогаш се во потрага по нешто сериозно.

Имаат повисоки очекувања и поради ова може да им биде тешко да најдат партнер.

Јасен (18 февруари – 17 март)

Луѓето родени во знакот на јасен „паѓаат“ на романтика и сметаат дека секоја врска треба да биде како романтичен филм.

Обожаваат кога се вљубени и се мошне интуитивни личности.

Кога имаат проблеми, сакаат да „побегнат“ во некоја книга или филм, наместо да се соочат со реалноста.

Иако е добро што имаат бујна фантазија, во сериозни врски, ова некогаш може да им предизвика проблеми.

За да бидат подобри партнери, треба помалку да мечтаат и да бидат попрагматични.

Но, од корист им е да си најдат партнер кој ќе ја разбере и нивната уникатна природа.

Евла (18 март - 14 април)

Луѓето родени во овој знак се заштитнички настроени кон оние што ги сакаат.

Истовремено, поради самодовербата и шармот, неретко имаат многу додворувачи и никогаш не им недостасува внимание.

Но, и покрај многуте додворувачи, некогаш настојуваат да изберат погрешен партнер кој нема да ги цени.

Па, препорачливо е да бидат повнимателни.

Најсреќни би биле со личност која е силна како нив, но и која ќе ја цени нивната независност.

Врба (15 април - 12 мај)

Според келтската астрологија, родените во знакот на врба се флексибилни личности, што, пак, ги прави стабилни партнери.

Истовремено, тие се интуитивни и креативни, а најсреќни се во врска која се заснова на доверба и разбирање.

Важна им е стабилноста и не сакаат драми.

Имаат изразени емоции и најсреќни се со луѓе кои можат да им бидат вистински лојални.

Глог (13 мај – 9 јуни)

Родените во овој знак се можеби најголемата енигма во келтскиот хороскоп.

Важат за приватни личности кои ретко кога го покажуваат своето вистинско лице. А, ова важи и за романтичните врски.

Потребно им е многу време за да се чувствуваат подготвено да се отворат пред некого.

Поради ова, најсреќни се со партнер кој нема да им суди и кој ќе направи да се е чувствуваат безбедно и сакано.

Приземјени се, а штом ќе ја најдат вистинската личност, можат да бидат мошне лојален партнер.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg