Какви сте во љубовта, според келтскиот хороскоп?
Даб (10 јуни – 7 јули)
Дабот е симбол на сила и мудрост – карактеристики што се својствени и за луѓето родени во овој знак.
Тие не сакаат кратки љубовни авантури и се фокусираат на стабилни врски.
Секогаш се заштитнички настроени кон партнерот, а се и доста емпатични.
Единствен проблем е што некогаш ги запоставуваат своите потреби, особено во врската.
Ќе бидат многу посреќни ако научат да постават здрави граници и да не заборават на себе.
Зеленика (8 јули – 4 август)
Луѓето родени во овој знак се отпорни и можат да најдат начин да созреат и во најбурните ситуации.
Но, поради ова неретко знаат да останат во токсична врска, со партнер кој не ги почитува доволно.
Кога се вљубени, даваат сè од себе и ова ги прави лесни жртви на манипулатори.
Сепак, кога ќе го најдат виситнскиот, тогаш вистински цутат, особено кога ќе ја добијат потребна поддршка.
Можат да бидат и одлични лидери, особено во стресни ситуации.
Леска (5 август – 1 септември)
Дрвото леска симболизира знаење и инспирација во келтската митологија, а истото важи и за луѓето родени во овој знак.
Тие се истакнуваат со интелектот, па главно ги привлекуваат луѓе кои се исто, па и поинтелигентни од нив.
Некогаш нивното знаење може да делува застрашувачки за другите, но главно се пријатни личности кои никогаш не ги потценуваат луѓето околу нив.
Сакаат ред и хармонија, но некогаш оваа желба за контрола може да биде проблем во врската.
Винова лоза (2 септември – 29 септември)
Родените во овој знак сакаат храна, вино, добра музика и сите луксузи што може да им ги понуди животот.
Уживаат во убави нешта, а во љубовта, со годините стануваат сè подобар партнер – исто како виното.
Проблемот е што некогаш им е тешко да се посветат, па знаат и самите да си ги саботираат шансите за среќа.
Па, им треба пофлексибилен партнер кој ќе може да се справи со нивните лоши мигови.
Бршлен (30 септември – 27 октомври)
Бршленот симболизира отпорност, трансформација и заштита.
Може да порасне каде било, а се верува и дека штити од зло.
Истото може да се каже и за луѓето родени во овој знак кои се флексибилни, отпорни и заштитнички настроени кон сите, особено партнерот.
Никогаш не бараат нешто за возврат, му даваат доволно простор на партнерот и секогаш се овде да го поддржат.
Трска (28 октомври – 24 ноември)
Родените во знакот на трска се одлични истражувачи кои постојно трагаат по вистината.
Можат да ја најдат и најдлабоко скриената тајна, па тешко дека некој, особено партнерот, ќе може да ги излаже.
Но, некогаш поради ова може да делуваат како манипулативни или користољубиви личности, особено во нова врска.
Мора да бидат потранспарентни со партнерот, но и поискрени.
Бозел (25 ноември – 23 декември)
За ова дрво се верува дека е портал помеѓу животот и смртта и е од големо значење во келтската митологија.
Родените во овој знак се луѓе со слободен дух кои сакаат авантури.
Истовремено, можат да бидат вистински филозофи и стојат на ставот дека животот е краток и во него треба да се ужива.
Важат за мошне просветлени личности, но не треба да дозволат ова да ги направи невнимателни.
Во љубовта потребен им е партнер кој ќе може да ги приземји.
Спирова С. | Црнобело