9 причини зошто да се вљубите во Скорпија (и што треба да знаете за нив)

Скорпиите не се лутат лесно, но кога ќе се налутат, очекувајте вулканска ерупција од епски размери. Сакаат со цело срце, лојални се, но обвиени со мистерија. За нив треба да знаете дека нема да најдете полојален партнер со кого би го поминале животот.

9-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-skorpiite-ako-ste-vljubeni-vo-niv-01.jpg

Дали некогаш сте биле заљубени или сте искусиле љубовна врска со личност родена во хороскопскиот знак на Скорпија?

Родените помеѓу 23 октомври и 21 ноември се претставници на овој знак и важат за луѓе обвиени со мистерија.

Но, веројатно никој нема да ве сака посилно и полојално од нив. 

Во продолжение неколку причини зошто да се вљубите во нив, но и на што да бидете внимателни:

Сакаат длабоко, со цело срце

Не постои површност во начинот на кој тие сакаат некого. Кога љубат, тоа е со жесток интензитет. Но, бираат многу внимателно на кого ќе му го дадат срцето, бидејќи најголем страв им е да не бидат предадени и изневерени откако ќе се предадат на љубов. Долго одлучуваат дали ќе се впуштат во љубов со некого, бидејќи кога ќе донесат конечна одлука, сакаат додека смртта не ги раздели.

Никој не се изразува толку интензивно како нив

Сакаат да се социјализираат, но не ги бидува за мали разговори за времето надвор. На забава може да бидат интровертни и екстровертни во исто време, зависно темата и друштвото – дали ќе ги привлече.

А кога имаат добро чувство за некого, тие може да бидат сјајот на забавата, директни се во разговорите и може да се впуштат во многу длабоки теми со тој што им се допаѓа.

Забавни се

Скорпиите имаат необична смисла за хумор, често се саркастични и навредливи за некого, но за други пресмешни.

Па, ако наидат на луѓе кои сакаат да се насмеат на туѓа сметка или на ситуации инспирирани од суровата вистина – веднаш ќе кликнат и меѓусебно ќе си го надополнуваат хуморот.

Досетливи се и не се откажуваат

Родените во овој знак се многу упорни да го совладаат секој предизвик, не се откажуваат додека не ја постигнат целта, а на патот до неа, ќе смислат секакви можни решенија за проблемите на кои ќе наидат.

Откажувањето за нив не е опција – посебно ако се работи за љубов.

Можете да им се доверите со тајни

По природа, Скорпиите се приватни, таинствени и мистериозни луѓе кои никогаш не ги откриваат нивните најдлабоки тајни.

Токму затоа и ја разбираат потребата на другите од лојалност и може комплетно да им се доверите, без да се плашите дека нешто ќе излезе од нивна уста.

Но, да знаете, имаат одлични истражувачки способности, па ако криете нешто – ќе дознаат.

Мораат да ја имаат контролата

Тие се родени водачи кои сакаат да ја земат контролата во свои раце, бидејќи така се чувствуваат најкомфорни и сигурни.

За нив претставува стрес кога ја губат контролата, па иронично, но тоа е во исто време и нивна предност и недостаток.

Но, дури и кога ќе направат да мислите дека вие сте главни – верувајте дека не сте и некаде длабоко, тие ја имаат контролата.

Мистериозни се

Скорпиите, во еден момент може да ви личат на отворени и комуникативни личности, а веќе во другиот момент да станат тивки и таинствени. Никогаш не се здодевни.

Тие се маестрални во откривање на тоа што сакаат да го знаат, без притоа да откријат повеќе од што самите планираат.

Ги фасцинира темната страна на живот и сакаат да откриваат мрачни мистерии, сакаат да гледаат крими серии и детективските вештини да си ги испробуваат на други личности.

Сосема е очекувано да знаат повеќе за вас отколку што вие знаете за нив, независно дали сте пријатели или во врска.

Имаат еруптивен темперамент

Скорпиите не се лутат лесно, но кога ќе се налутат, очекувајте вулканска ерупција од епски размери.

Заради нивната контролирачка природа, може да бидат мирни во една секунда, а ако нешто ги вознемири или допрете на некоја лична рана или ја изневерите нивната доверба, ќе покажат ниво на бес што никогаш претходно не сте го виделе.  

Кога ќе се разбеснат, ги вадат од себе сите емоции кои ги чувале, јазикот им станува отровен и може да го почувствувате познатиот убод од Скорпија.

Сакаат љубов, нежности и страсти

Се сметаат за најстрасни и интимни од сите хороскопски знаци, а физичката интимност игра голема улога во врската за нив.

Може да бидат луди во кревет, но тоа не значи дека овие моќи ќе ги покажат пред секого.

Скорпиите водат љубов заради потреба за длабока и емоционална конекција со партнерот, не само заради либидо и скротување страсти.

Ако ве сакаат за љубовник, тоа ќе биде засекогаш. Оваа нивна длабока приврзаност прави понекогаш и да бидат посесивни во врските, а ако сте во брак со Скорпија, треба да знаете дека никогаш нема да најдете полојален партнер со кого би го поминале животот.

Би можело да ве интересира:

Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Какви сте во љубовта, според келтскиот хороскоп? Родените во знакот на дрвото бреза се добри партнери, сè додека не дозволат амби...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Која особина не можете да ја толерирате кај партнерот, според хороскопскиот знак? Рибите мразат лажговци, а Јарците мрзеливи и бесцелни луѓе. Која особина ве ирит...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg